Географија на Јапонија

Знаете ли дека Јапонија може да биде многу опасно место? Три од тектонските плочи кои ја формираат земјината кора се спојуваат во нејзина непосредна близина. Истите често се придвижуваат една кон друга, предизвикувајќи земјотреси. Илјадници земјотреси ја погодуваат Јапонија секоја година.

Јапонија е монархија, со најдолг континуитет меѓу монархиите кои постојат денес. Првото забележано споменување на Јапонија е во кинеските историски текстови од I век. На отварањето на Јапонија кон светот во XIX век, му претходел долг период на изолација.

Сино-јапонскиот збор за Јапонија е „Nippon“ или „Nihon“. Целосното име „Nihon no Koku“, што значи „Земја каде изгрева сонцето“. Самиот збор потекнува од кинескиот јазик. Но, чистото јапонско име за Јапонија е Јамато, кое е застарено и повеќе не се користи. Мандаринско – кинескиот збор за Јапонија бил евидентиран од Марко Поло кaкo „Cipango“. Но, сепак кантонското име од кое веројатно потекнува зборот Јапонија е „Jatbun“. Кантонско име станува и „Japang“. Португалските трговци во Јапонија го пресретнале тоа име и се смета дека тие се првите кои го претставиле во Европа. За прв пат во Европа, името на државата Јапонија е забележано во Англија, 1577 година, во еден граматички учебник.

Официјалното јапонско име на земјата е „Nihonkoku“ – „Државата Јапонија“. Јапонското знаме е официјално наречено „Hinomary“ – „Кругот на Сонцето“.

Јапонија е архипелаг на источниот крај на Азија. Земјата се состои од четири големи острови и од 6582 помали островчиња. Површината на Јапонија изнесува 377.873 km². По површина, таа е 63-та држава во светот. На запад, од Русија и Северна и Јужна Кореја, Јапонија е одвоена со Јапонското Море, додека на југозапад, од Кина, е одвоена со Источно Кинеско Море. Источната страна на Јапонија излегува на Тихиот Океан. Главниот и најголем град е Токио, а останатите големи градови се Јокохама, Осака, Нагоја, Сапоро, Кобе, Кјото, Фукуока, Кавасаки и Саитама. Според проценките од 2011 година, Јапонија има 127,690.000 жители.

Територијата на Јапонија е поделена на региони. Најголемите главни острови, од север кон југ, се: Хокаидо, Хоншу (најголемиот остров), Шикоку и Кјушу. Останатите острови се поделени во подрегиони. Од север кон југ, тие се:

  • Хокаидо – најголеми градови се Сапоро и Хакодате;
  • Тохоку – најголеми градови се Сендај и Фукушима;
  • Канто – крајбрежна низина која ги вклучува Токио, Кавасаки, Јокохама и Јокосука;
  • Чибу – планински среден регион, доминиран од Јапонските Алпи;
  • Кинки – древен културен и трговски центар;
  • Чугоку – регион со градовите Хирошима и Окајама;
  • Шикоку – познат како дестинација за будистичките аџии;
  • Кјушу – најјужниот од четирите главни острови;
  • Окинава – полутропски јужен ланец на острови кој се протега до Тајван.

Бреговните линии изнесуваат 29.751 км². Највисокиот врв е врвот на планината Фуџи, висок 3776 метри, а најниската точка е Хаџиро–гата, 4 метри под нивото на морето. Најдолга река е реката Шинано, 367 километри, а најголемо езеро е езерото Бива, 670 km².

Околу 73% од земјата е планинска, со ланец планини кој се прогега низ секој остров. Рамното земјиште е ограничено. На островот Хокаидо, главниот планински масив претставува продолжение на планинскиот ланец Саханила, со највисок врв од 2290 метри.

Распоредот на населението е определен според верувањето дека планините им припаѓаат на боговите, поради што има мала земјоделска и архитектонска развиеност на нив. Другата причина за недостатокот на развој во јапонските планини се земјотресите кои константно предизвикуваат лизгање на земјиштето.

Јапонија е ситуирана во вулканска зона на Пацифичкиот огнен прстен. Таа има 200 вулкани од кои 60 се активни. Фреквентни слаби потреси и повремени вуклански ерупции се чуствуваат низ островите. Деструктвни земјотреси, кои често резултураат со цунами, се случуваат повеќе пати во текот на еден век. Последните најголеми потреси се Чуецу во 2004 година, големиот земјотрес во Ханшин во 1955 година и земјотресот на островот Хоншу во 2011 година, како најголем во историјата на Јапонија, а петти по јачина во светот.

Редовна појава во Јапонија се геотермалните извори (онсен), кои се максимално искористени како престојувалишта.

Јапонија не е многу богата со рудни богатства и минерални суровини. Што се однесува до енергетските извори, Јапонија располага со големи количини на јаглен и вода, а мали количини на нафта и гас кои ги увезуваат. Од тие причини, Јапонија има усвоено и развиено нуклеарна енергија, со која обезбедува сигурно снабдување со електрична енергија и намалување на зависноста од увоз на енергија (нафта и гас), како и зависноста од домашни енергетски резерви во иднина.

Јапонија има умерена клима и четири изразити годишни времиња. Но, поради големото растојание од север кон југ, климата варира во зависност од регионите. По должината на јужниот брег на Јапонија тече топла морска струја Курошио, а долж североисточниот брег тече ладна струја Ојашио. Поради мешањето на толите и студени струи, водите околу Јапонија се богати со риба и со друг морски свет. Од тие причини, климата во Јапонија се движи од суптропска до субполарна, но во најголем дел од земјата преовладува влажна, монсунска клима. На климата влијаат и сезонските ветрови кои дуваат од континентот кон океанот во зима и во обратен правец на лето.

На крајот на мај и почетокот на јуни, над Јапонија се наоѓа сезонски дождовен фронт. На крајот од летото и на почетокот на есента, од нискиот притисок во тропските предели над екваторот се развиваат тајфуни, често носејќи поројни дождови.

Јапонскиот народ има голема љубов кон убавината на пејзажите. Древната Шанто религија вели дека природните појави, како планините, водопадите и шумите, имаат свој карактеристичен дух.

japonija-(2)

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.