Трагајќи по Елдорадо

Знаете ли колкав број инстражувачи алчно војувале, убивале, ограбувале и ги жртвувале своите животи во потрага по богатите ризници на градот Елдорадо?

Елдорадо е легенда која потекнува од јужноамериканските цивилизации. Според усните преданија, Елдорадо бил крај со огромно златно богатство, поради што претствувал главна мета на шпанските конкистадори во XV и XVI век. Елдорадо станал синоним за богатство и бил главна освојувачка цел на повеќе експедиции.

border4

Постојат многу приказни и легенди за Елдорадо. Според едни, Елдорадо бил исчезнат град, а според други дворец полн со богатство, сокриен во длабочините на џунглата. Некои пак тврделе дека Елдорадо е всушност планина од чисто злато. Но, најшироко прифатената приказна е онаа според која Елдорадо се поврзува со личност, односно главатарот на народот Муиска кој живеел на северниот дел на Андите, во област близу денешна Богота, Колумбија. Според таа приказна, Елдорадо го добил своето име по племенски ритуал изведуван при изборот на главатарот. Жителите се собирале на бреговите на езерото Гватавите каде се одвивала свеченоста. Главатарот и неговите врачеви се качувале на сплав и веслале до средината на езерото каде гореле темјан. На средината од езерото новиот поглавар се соблекувал гол и целото тело му се мачкало со златен прав, додека во водата фрлал златен накит како дар на боговите. И собраните жители давале свој придонес фрлајќи златни предмети во водата. Народот на Елдорадо немал сопствени извори на злато, туку до нив доаѓал со војување и трговија. Тие поседувале рудник за смарагди и големи резерви на сол, кои ги менувале за злато.

За народот Муиска и нивното богатство веднаш разбрале и конквистадорите. До шпанските освојувачи стигнувале гласови за Елдорадо и од запленетите домородци (Инките и Ацтеките), кај кои нашле непроценлив златен накит. Тоа уште повеќе им потврдувало дека Елдорадо не само што навистина постои, туку дека е и во непосредна близина.

Тие направиле и неколку обиди за исушување на езерото Гватавите, со цел да го пронајдат богатството. Заробувале голем број на домородно население од племето Муиска и ги терале да ја црпат водата од езерото во големи садови, а потоа да ја преработуваат. По операцијата која траела три месеци, површината на водата од езерото опаднала за три метри, а биле извадени неколку стотици златни предмети.

Еден шпански трговец заробил 8000 домородци, наредувајќи им да ископаат длабок канал за изнесување на водата од езерото. Нивото на водата се намлило за 20 метри, а од каналот биле извадени многу златни предмети и скапоцени смарагди, пред да се затрупа поради лизгање на земјиштето.

На почетокот на ХХ век, една аглиска фирма се обидела комплетно да го исуши езерото. Таа пробила тунел кој речиси целосно го намалил нивото на вода, но на дното од езерото останал жив песок по кој не можело да се чекори. Додека работниците донеле алати за копање, сонцето ја испекло и стврднало калта која го затворила ископаниот тунел, а дождовите повторно го наполниле езерото.

Оттогаш, колумбиската влада вовела законска заштита на целиот појас од трагачите по златото. Но, тоа и понатаму ги привлекувало авантуристите. Некои посетители велат дека сé уште постојат наследници на домородното население кои ги чуваат тајните на некое место, скриено во планините. Тајната за богатството на Елдорадо сеуште постои.

Експедиции

Елдорадо е легендарна приказна, во која скапоцени камења и златници биле пронаоѓани во чудесно изобилство. Концептот на Елдорадо бил подложен на неколку трансоформаци, за сметка на митовите комбинирани со овој легендарен град. Како резултат на тоа, Елдорадо ги привлекувал европските истражувачи цели два века.

Меѓу првите приказни се оние раскажани од заменикот на Диего де Ордаз, морнарот Мартинез, кој тврдел дека по еден бродолом успеал да се спаси и да влезе во Елдорадо.

Во 1540 година, позната е и експедицијата на конкистадорот и истражувачот Франциско де Орељано и Гонзало Пизаро. Во периодот од 1541 година до 1545 година, германскиот бардон Филип вон Хутен организирал уште една експедиција. Неговата потрага го довела во Венецуела. Во 1569 година, Гонзало Хименез де Кесада организирал уште една експедиција која поаѓала од Богота.

Анлгличанецот Сер Волтер Роли, пошол во потрага по Елдорадо во 1595 година и во својата книга го сместил градот во близина на реката Ориноко, денешна Венецуела.

На сите експедиции и патешествија во потрага по градот Елдорадо, настрадале илјадници луѓе.

 

Трагајќи по Елдорадо
Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.