Дали сте љубители на мапи?

Првите мапи биле рачно изработени. Во минатото изработката на мапите била мошне комплицирана бидејќи секоја мапа морала да се направи во неколку примероци.

Но, низ годините се повеќе се усовршувала изработката на мапи поради развојот на новите машинерии. Пронаоѓањето на магнетниот компас помогнало при подобрување на квалитетот и точноста на мапите, а појавата на весниците помогнала во изработка на поголем број копии.

Денешните мапи се изработуваат компјутерски, со помош на специјални информатички програми. Американската корпорација за интернет услуги и производи – Google, има изработено панорамски компјутерски мапи, преку кои можеме детално да ги прегледаме улиците на секој град (Google Street View Map). Секој од нас може да направи виртуелна прошетка низ омиелниот град, низ својот континент или пак на некој друг.

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.