Скриените џинови низ дивината на Копенхаген

Се викам Томас Дамбо и сум дански уметник кој работи со рециклирани материјали. Во изминатите 3 години имам создадено 25 рециклирани скулптури низ светот, а неодамна и 6 скулптури на скриени џинови во мојот роден град, Копенхаген.

Скулптурите се сместени во дел од моите омилени места низ градот – локации каде луѓето не одат многу често бидејќи се настрана од разгазените патеки. Единствено, можете да ги најдете со помош на мапа на скриено богатство, или пак со песна изгравирана на камен во близина на секоја скулптура – совет за како би ги нашле џиновите.

Скулптурите ги изработив од рециклирано дрво – главно од 600 стари палети, стара дрвена барака, ограда и се останато што бев во можност да соберам. За изработката на секоја од нив имав помош од локални волотери, по кого и ги именував џиновите.

Се надевам дека мојата уметност ќе ги инспирира луѓето да го согледаат големиот потенцијал во рециклирањето и подобро да се грижат за нашата планета.

Малата Тилда

I-am-creating-hidden-giants-in-the-beautiful-wilderness-of-Copenhagen-5902f2cb432be__880

I-created-6-hidden-giants-to-showcase-the-beautiful-nature-outside-of-Copenhagen-58fdb33d6cd90__880

Томас на планината

I-created-6-hidden-giants-to-showcase-the-beautiful-nature-outside-of-Copenhagen-58fe064a7307c__880

I-am-creating-hidden-giants-in-the-beautiful-wilderness-of-Copenhagen-5901dd502fc58__880

Оскар под мостот

I-created-6-hidden-giants-to-showcase-the-beautiful-nature-outside-of-Copenhagen-58fdf63e46bd0__880

I-am-creating-hidden-giants-in-the-beautiful-wilderness-of-Copenhagen-5901df6b8b3e7__880

Трин на врвот

I-have-made-these-6-hidden-giants-and-a-treasure-map-to-show-people-the-beautiful-nature-surrounding-Copenhagen-58c9950011289__880

I-am-creating-hidden-giants-in-the-beautiful-wilderness-of-Copenhagen-5902f78f3fbac__880

Заспаниот Луи

I-created-6-hidden-giants-to-showcase-the-beautiful-nature-outside-of-Copenhagen-58fdf621b51e2__880

I-am-creating-hidden-giants-in-the-beautiful-wilderness-of-Copenhagen-5902f2dcefb68__880

Другарот Теди

I-am-creating-hidden-giants-in-the-beautiful-wilderness-of-Copenhagen-5902f3be89d7d__880

I-created-6-hidden-giants-to-showcase-the-beautiful-nature-outside-of-Copenhagen-58fdf660e8b2e__880

Мапа

I-created-6-hidden-giants-to-showcase-the-beautiful-nature-outside-of-Copenhagen-58e784c18f74c__880

Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.