Како работи детекторот за метал?

Дали сакате да поминувате време на плажа? Се разбира! Кој не би сакал? Што е она што најмногу сакате да го правите на плажа? Да пливате? Да се сончате? Да правите замоци од песок?

Дали сте знаеле дека некои луѓе времето на плажа го поминуваат барајќи закопано богатство? Сте забележале ли некогаш луѓе како се шетаат низ плажата, носејќи слушалки поврзани со долг метален стап, насочен кон песокот? Што ли носат? Детектор за метал, се разбира!

Детекторите за метал се користат со цел да пронајдат метални предмети кои се кријат под земјата. Најдоброто нешто што би можеле да го пронајдат, сигурно би бил голем метален ковчег полн со изгубено богатство. Но, мошне често она што луѓето го откриваат се парички испаднати од џебовите на туристите.

Големите метални детектори поставени на влезови и рачните детектори, се користат на аеродромите и во другите големи објекти. Нив ги користи обезбедувањето, со цел да пронајде оружје, или други предмети кои би можеле да ја нарушат безбедноста.

Повеќето метални детектори, произведуваат звучен сигнал веднаш штом наидат на метален предмет. Оваа технологија користи две намотки кои произведуваат електромагнетно поле. Кога ова поле наидува на објект што спроведува електрична енергија, како што е металот, се детектира самото магнетно поле на објектот. Тоа предизвикува детекторот да емитува сигнал дека е пронајден метален објект.

Штом повеќето детектори за метал мораат да го пронајдат магнетното поле на металниот предмет, овие предмети мора да се наоѓаат мошне блиску до површината на земјата. Понапредните детектори за метал, можат да пронајдат предмети закопани многу подлабоко. Тие исто така можат да спроведуваат информации за тоа каков вид на метал се крие под земјата.

Проф. Икар Нобел

Професорот по предметот Иновации, Икар Нобел, е најдобро подготвениот професор во училиштето. Постојано носи мало торбиче во кое можат да се најдат безброј предмети како: биксвити, клуч од неговиот кабинет во училиштето, сијалички, марамчиња, алати, лупа, чекан, пеперминт, а понекогаш и неговиот миленик – ракунот Мико.