Како нурка подморницата?

Основниот принцип кој и овозможува на подморницата да нурне под површината на водата или да исплови на површината, е многу едноставен. Поголемиот дел од современите подморници имаат два трупа или корита. Водениот товар е сместен помеѓу внатрешното и надворешното корито, во простор сличен на шуплината која се наоѓа помеѓу две лушпи.

Кога подморницата е спремна за нуркање, се отвараат два вентили кои се наоѓаат на дното од тенкот или резервоарот за товар, па во тој резервоар навлегува морската вода. Воздухот од резервоарот излегува низ горниот дел на вентилите и подморницата почнува да тоне.

Ако подморницата треба да исплови на површината, вентилите се затвараат и воздушниот притисок го присилува воздухот да влезе во резервоарите. На овој начин водата се испумпува низ вентилите на дното и подморницата се крева.

За да би се управувала подморницата, да се спушта и крева нагоре низ водата, постојат хоризонтални крми прицврстени на нејзиниот труп. За придвижување пак на подморницата напред, се користи крма која е потполно иста како онаа на обичните површински бродови.

32139cebbe47001532aaecfe6c752025

Подморницата е попречно поделена со прегради или ѕидови, на одделенија. Да би се преминало од едно одделение во друго, мора да се помине низ врата која може брзо да се затвори и низ која не може да продре вода. Подморниците, исто така имаат и отвори за спасување и апарати за кислород.

Како знае командантот на подморницата каде плови? Тој набљудува низ перископ – долга цевка која може да се издолжи нанапред од подморницата. Со примена на комбинирани призми, можно е на долниот крај од перископот да се види што се случува на површината на водата. Со вртење на цевката од перископот, може да се прегледа целиот хоризонт на океанот.

Подморниците располагаат и со апарати за прислушкување кои може да уловат шумови на оддалечени бродови и да го одредат местото на настанувањето на звукот, а исто така имаат и радари кои им овозможуваат да пронајдат предмети додека пловат на површината.

1951 година, била започната изградбата на првата атомска подморница. Таа била пуштена во море на 21 јули 1955. Станува збор за подморница која нурка најдлабоко на светот, до длабочина од 210 метри и може да плови без престан цели 40 000 километри.

Видео: „Историја на подморниците“ (History of the Submarine - Military Documentary)
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.