Бумеранг

Сте виделе ли како бумерангот, фрлен високо во небото, лета и повторно се враќа назад? Тоа е главната задача на бумерангот- секогаш да се враќа назад. Но, не секој бумеранг се враќа назад. Како ли тогаш би го нарекле тој бумеранг кој не се враќа назад?

Првиот бумеранг бил направен пред илјадници години и служел како оружје. Целта на бумерангот била да помага при ловот на животни. Со усовршување на алатите за лов, враќањето на бумерангот се развило во забавен спорт. Фрлањето на бумерангот во одредена насока и негово враќање назад, станало задоволство.

Формата на бумерангот е заоблена и изгледа како да има две крила кои му помагаат за полесно движење во воздухот. Неговата заоблена форма го овозможува неговото враќање. Бумерангот бил најчесто изработуван од дрво. Постојат докази дека првиот бумеранг бил изработен од коски. Денес, можеме да го изработиме од најразлични материјали, како дрво или пластика и да го сретнеме во најразлични форми и големини.

Повеќето од нив се користат за спорт и во светот постојат многу натпревари во бумеранг. Натпреварувачите се натпреваруваат во фрлање во далечина, во рекордно време и слично. Дејвид Шами од Австралија, го постигнал рекордот за најдолго фрлање на бумеранг, во далечина од дури 427 метри.

static-boomerangsman

Проф. Икар Нобел

Професорот по предметот Иновации, Икар Нобел, е најдобро подготвениот професор во училиштето. Постојано носи мало торбиче во кое можат да се најдат безброј предмети како: биксвити, клуч од неговиот кабинет во училиштето, сијалички, марамчиња, алати, лупа, чекан, пеперминт, а понекогаш и неговиот миленик – ракунот Мико.