Змејската јама (Dragonpit)

Судејќи по трејлерот за финалето на „Игра на Тронови“, Џон Сноу успева да стигне во престолнината (Кингс Лендинг) со доказ за вистинската закана која тлее на Северот. Иако ова беше сезона на големи обединувања и повторни средби, она што нé очекува следно би требало да биде најголемиот собир на главни ликови досега. Серсеј, Џејми и Јурон ќе се сретнат со Џон Сноу, Тирион, Сер Давос, Лорд Варис, Теон Грејџој, Греј Ворм и Мисандеј, во епска пресметка за иднината на седумте кралства. Местото за средба – Змејската јама (Dragonpit) во главниот град на престолнината.

Ова место е од исклучитено значење и претставува едно од петте најважни обележја на Кингс Лендинг, заедно со Црвената Тврдина (the Red Keep), Болва маало (Flea Bottom), Седиштето на Алхемичарите и Големата Септа на Бејлор (која веќе ја нема). Но, и покрај значајноста, тоа е уште едно место кое сé уште не сме го послетиле во серијата.novatamapanakingslanding

Змејската јама наликува на римски Колосеум, со исто толку крвава историја. Можеби ќе се запрашате, зошто толку важна локација се појавува доцна во приказната? Па, затоа што поголем дел од значењето на местото не лежи во сегашноста, туку во минатото, она што вклучува огин, луди таргеријански кралеви и многу земјови.

Змејската јама и ридот на која што се наоѓа, се симболи на владеењето на Таргеријанците. Пред 300 години, Ејгон Освојувачот и неговите две сестри, односно жени, ги јавнале своите змејови и го освоиле Вестерос.

Но, на небото над Дорн една од сестрите на Ејгон, Рејнис била смртно погодена. Ејгон по неа го именувал еден од трите истакнати ридови во Кингс Лендинг. Откако станал крал и ја прифатил верата на Седумте, Ејгон ја подигнал Септата на Сеќавањето на врвот на ридот Рејнис, во чест на неговата сестра.ejgon osvojuvachot

Но, тоа што ќе изградиш септа, не значи дека сите ваши потомци ќе ги променат своите полигамни начини за да одговараат на правилата на Седумте. Таргеријанците се судриле со верата кога Мејгор, син на Ејгон и брат на владеечкиот крал Ејнис I, земал втора сопруга во 39 година „a.c.“ (што значи „по освојувањето на Ејгон“ – Aegon’s Conquest). Тогаш, со цел да ја расчисти ситуацијата, Ејнис го прогонува својот брат. Но, верта на Седумте била неотповикливо налутена кога Ејнис ги оженил своите деца меѓусебе. Еднаш Таргеријанец – секогаш Таргеријанец.

sevenpointedstarj

Од шестата сезона на „Игра на Тронови“, знаеме што се случува кога верата ќе се налути. Откако децата на кралот се венчале, милитантната вера, кренала оружје и ја окупирала Септата на Сеќавањето. Кралот Ејнис, пребегал во Драгонстоун и умрел во бегство. Како резултат на тоа, Мејгор Суровиот станува крал. Се искачил на врвот на септата на Бејлор со змеј, толку голем што можел да го сокрие Сонцето, и ја запалил септата на Сеќавањето. Неговите стрелци, чекале надвор и го убивале секој оној што ќе пробал да избега.

На врвот на урнатините на Септата на Сеќавањето, Мејгор ја подигнал Змејската Јама, со сосема нова цел. Структурата била масовна, со огромна купола со намера да ги собере сите таргеријански змејови на едно место.

Во универзумот на Џорџ Р.Р. Мартин, ако змеј остане слободен во дивината, може да расте бесконечно. Балерион, најголемиот змеј на таргеријанците бил толку голем, бидејќи бил стар. Сепак, магичните способности на змејовите за регенерација се ограничуваат кога тие се затворени. Со чување на змејовите во затворен простор, Мејгор ефикасно го ограничил нивниот напредок. Како резултат на тоа што биле држени во заробеништво, за една деценија големината на земјовите значително се намалила. Всушност, последниот змеј бил со големина на мачка.dragonfightdragonpit

Останатите змејови на Таргеријанците го доживеале последниот удар, за време на граѓанската војна и нападот на Змејската Јама. За време на овој инцидент, лутата, гладна и болна маса народ, решила да го нападне местото, откако пророк, по име Пастир, ги убедил дека змејовите биле причина за нивната мизерија. Крајниот резултат бил масакар. Излудените луѓе ги нападнале четирите врзани змеја. Иако многумина загинале, сепак успеале да убијат големите ѕверки. Но, еден сериозно ранет змеј Дримфајр, се ослободил од синџирите, летнал нагоре уништувајќи ја куполата. Рушењето на таванот го уништило змејот до смрт. Две генерации подоцна и останатите змејови исчезнале.

Подоцна во 209-210 „а.с.“, Змејската Јама се користела како складиште за тела, во периодот наречен Големата Пролетна Болест, кога загинало 40% од населението. Телата се ределе високо едно врз друго и се унишувале со див оган.

Знаеме дека Лудиот Крал поставил див оган во подземните тунели насекаде низ градот, а знаеме и дека Мејгор ја изградил Змејската Јама со елаборирана мрежа на тунели под неа, слично на Црвената Тврдина. Во „Судирот на Кралевите“, еден пар паѓа низ руинираниот под на змејската дупка, укажувајќи дека подот е шуплив. Значи, сé уште може да постои див оган на Ерис II Таргеријан некаде под Змејската Јама.

Зошто Серсеј го избра токму ова место за средба? Би го направила ли повторно истиот потег?

wildfiredragonpit

Ако е обид да се докаже дека Серсеј е психолошки потомок на Мејгор Суровиот и на лудиот крал Ерис, тогаш подобар амбиент – не постои. Тоа е местото каде Мејгор ја запалил милитантаната вера, а Лудиот Крал ги наполнил тунелите со див оган.

Надвор од потенцијалното присуство на див оган, постои и симболична причина зошто Серсеј го избира токму ова место за средба со Денерис. Змејската дупка претставува симбол на смртта на Таргеријанците. Самата структура која била наменета да ја смести моќта на Таргеријанците, била и нивното уништување.

Иако Денерис не ја гледаме во трејлерот за финалето, доколку се појави на средбата со два големи змеја во јамата, ќе биде значајно на свој начин. Денерис би ја победила својата семјна историја, сé додека може да ги избегне грешките на своите предци.

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.