Запознавање со ликовите од 5-та сезона – Игра на Тронови

Песочни змии, робови, новата Мирсела Баратеон – започнува новата сезона. Кои се новите ликови во Вестерос?

Доран Мартел (Alexander Siddig)

379780_324431624233565_1786016530_n

Моменталниот владетел на Дорн (земјата на виното и сонцето – во суштина верзија на Франција во Седумте Кралства). Доран е постариот брат на принцот Оберин Мартел – ликот кој го снајде една од најстрашните судбини на крајот од четвртата сезона. Речиси и не е веројатно дека Доран мирно ќе ја прифати смртта на својот брат. Во петтата сезона, очекувајте огномет.

Мирсела Баратеон  (Nell Tiger Free)

myrcela

До втората сезона на „Игра на Тронови“, улогата на Мирсела беше интерпретирана од Аimee Richardson. Малата Мирсела беше испратена во Дорн како штитеник на Доран Мартел, како дел од сојузот меѓу Вестерос и Дорн – сé во режија Тајвин Ланистер. Мирсела е ќерка на Серсеј и Џејми Ланистер и една од ретките пријатни ликови од нивната фамилија.

Тристан Мартел (Toby Sebastian)

10429289_966465040030217_6957204853465395123_n

Долг период вереник на Мирсела, како дел од алијансата. Тристан е син на Доран Мартел и негов наследник.

Арео Хота (DeObia Oparei)

262059_249284845081577_7583027_n

Главниот човек на стражата во палатата на Мартел. Арео е лојална и мудра личност со исклучително долга секира, која во серијата е претставена како неверојатно голем нож.

Језан (Enzo Cilenti)

485363_570406332969425_7143176_n

Еден од богатите робовладетели, кои Даенерис Таргериан ги уништи, Језан ќе биде интересен лик, независно од начинот на кој ќе биде прикажан.  Во книгите, прекарот му е „Жолтиот кит“ – морбидно дебел човек, кој умира од некоја болест што одамна ја добил. Купува робови со необичен изглед за неговата колекција. Дали некој го видел Тирион во последно време?

Најмерија Сенд (Jessica Henwic)

577108_491423804201012_1732794555_n

Познати како Песочни Змии по нивниот татко, сестрите Сенд се смртоносни. Нелегитимни, но сакани ќерки на принцот Оберин, секоја од нив обучена во одделот на оружје и борба. Ова веројатно ќе им биде во корист кога ќе се одлучат да го одмаздат својот татко. Не се во сродство со Еларија Сенд. Исто како Сноу на Северот, Сенд е презимето дадено на вонбрачните деца, родени на југот во Дорн.

Тајен Сенд (Rosabell Laurenti Sellers)

547147_491537510856308_79212500_n

Ќерка на септа. Нејзиниот избор на оружје во книгите е отров, исто како и на нејзиниот татко.

Обара Сенд (Keisha Castle-Hughes)

558249_491417157535010_1265404638_n

Обара е најстара од сестрите Сенд. Во книгите, нејзината мајка е куртизана која се опила до смрт откако Оберин ја зел нејзината ќерка да ја научи боречки вештини. Во ТВ серијалот, таа е селанка кој го свртела вниманието на принцот.

Големиот Врабец (Jonathan Pryce)

600202_587158581294200_1251316856_n

Непријатен противик на владејачката куќа Ланистерови. Побожниот Голем Врабец доаѓа во Кингс Лендинг да им служи на сиромашните и болните, а привлекува и голем број следбеници. Џонтан Прајс е уште еден престижен Британец во кастингот на серијата.

илустрации: македонскиот стрип артист Михајло Димитриевски - Тхе Мичо
Тескт: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.