Заливот на робовите
Изграден од пепелта на старата Гискарска Империја, стои Заливот на Робовите

Богат регион во Есос, главно поради трговијата со робови. Почетоците на заливот ги наоѓаме го градот, сега наречен Стар Гис.  Основањето на градот, илјадници години му претходи на неговиот наследник Валирија. Градот прераснал во голема воена, економска и културна моќ, што подоцна станува големата Гискарска Империја. Со својата моќ, Гис поседувал многу војници, кои биле дисциплинирани исто колку и Unsullied (неосквернавените) и речиси непобедливи на бојното поле. Архитектурата во градот е градена со употреба на робовска сила а се состоела од пирамиди и високи кули изградени од тула. Но, покрај сето ова, Гис сепак го немал врвното валиријанско оружје – змејовите.

Многу малку од гискарската култура преживеало по распадот на империјата. Можеби затоа луѓето кои го населуваат Заливот на робовите се горди на своето наследство, како последните останати кои ги споделуваат истите вредност. Денес, во заливот се говори на јазикот на освојувачите – Висок Валиријански, а стариот гискарски е одамна заборавен, но се уште се пишува со уникатен знаковен систем.

Трговијата со робови е доминантна индустрија на заливот, а градските трговци со робови се дел од владеачката аристократија. Робовладетелите на Астапор, Јункаи и Мирин себе си се нарекуваат Добар, Мудар и Голем Господар, а се облекуваат во токари – наметка налик тога, која може да ја носат само слободно родените. Вредноста на материјалот кој бил користен за порабување на токарите, е индикатор на богатството и рангот на Господарот кој го носи. Трговците со робови и нивните семејства живееле во изобилие и луксуз, додека на друга страна, робовите често добивале суров третман.

Робовски Градови

Астапор

tumblr_n23k97rlgo1sh566ao1_1280

Познат како единственото место на светот каде може да се купат воините – евнуси Unsullied (неосквернавените). Градот е антички и речиси во руини, изграден од трошни црвени тули за кои се вели дека се обоени од крвта на робовите кои умреле на нив. Има толку многу прашина што сериозно може да ги оштети очите – затоа жените во Астапор се покриваат со вел. Во градот доминираат масивни пирамиди, некои од нив високи над стотина метри, кои ја прават линијата на заливот. Плоштадот на Гордоста служи како отворен пазар со робови и претставува место каде се собирала заедницата. Добриот Господар од Астапор бил особено суров кон своите робови. Во борбените јами дури можело да се сретне борба меѓу дете и животно, а непослушните робови биле живи одерувани. За врвно достигнување на Господарот сe сметала војската Unsullied, која била создадена преку брутален процес, со дехуманизација на млади момчиња – робови, претворајќи ги во безчуствителни машини за убивање. Непродадените воини, останувале да го бранат градот од било какви закани.

Јункаи

junkai

Најмалиот од трите градови, Јункаи е познат по борбените јами и бордели, во чија основа ги наоѓаме робовите. Архитектурата наликува на Астапор, меѓутоа во многу помали димензии – со жолти тули наместо црвените, од каде го добива името Жолтиот Град.  Трговците со робови тука се познати под името Мудри Господари. За одбрана, градот се потпира на релативно необучена армија од робови и платеници кои можат да се купат.

Mирин

Lowport

Наголемиот од трите робовски градови, Мирин, има население еднакво на Астапор и Јункаи заедно. Архитектурата на градот е налик онаа на соседите, но со тули во најразлични бои. Во пределот доминира Големата Пирамида и Храмот на Свештениците (каде живеат свештеничките на градот) затворен со голема златна купола. Мирин е и единствениот град во заливот кој е исполнет со храмови. Трговците со робови во овој предел се познати под името Големи Господари. Важен дел од културата на Мирин се боречките јами кои се огромни – најекстравагантна е Големата јама од Дазнак.

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.