Винтерфел, нешто повеќе од замок?

The North Remembers (Ramin Djawadi)


Низ приказната на „Игра на Тронови“ (Game of Thrones) нé пресретнуваат бројни импресивни замоци и тврдини, практично чуда на Вестерос – меѓу нив можеби најзначителен е Винтерфел (Winterfell). Нашата приказна започнува во Винтерфел.

Винтерфел го изградил Брендон Градителот. Брендон Градителот го изградил и Ѕидот, Бурниот Крај (Storm’s End), како и Високата Кула во Стариот Град (Old Town). Децата од шумата му помагнале во изградбите. Винтерфел е огромен и распростанет, но дали претставува нешто повеќе од замок?

Sunspear

Бурниот Крај е така именуван бидејќи замокот бил карактеристично изграден токму за да може да го издржи бесот на бурите. Биле уништени сите замоци претходно изградени на ова место. Малисандра зборува за Бурниот Крај, за магиите и волшепствата кои талкаат низ ѕидините: „Овој крај е многу стар. Волшепства талкаат во камењата. Темни ѕдови кои сенка не ги минува. Древни. Заоборавени. Но, сé уште на место“.

Sunspear

Брендон Градителот го изграл и Ѕидот, а така и го именувал бидејќи тоа и претставувал. Ѕид со магии низ мразот. И Високата Кула за која се вели дека е повисока и од Ѕидот.


Што значи дека местата се именуваат по она што го претставуваат. Но, потоа имаме замок именуван Винтерфел („Падот на зимата“, „Зимопад“). Што би значело?

Винтерфел е неизбежно магичен. Но, не бил целиот замок изграден со помошта на децата од шумата. Во Винтерфел има бројни кули, штали, чуварници, кујни, складишта за оружје, Светите Шуми, внатрешни и надворешни ѕидини, стаклени градини, порти, голема сала, гостинска куќа, но она на што Брендон Градителот непреморно работел со помош на децата од шумата и џиновите, било најстарото нешто во Винтерфел – Главната Кула и гробницатаnovamapawinterfellГробницата е огромна и во неа почиваат сите зимски кралеви кои постоеле. И започнуваат од дното – нагоре! Чудно – колку е постар кралот, толку е сместен подлабоко во гробницата. Од каде би знаеле колкав простор е потребен? Вообичаено процесот на градење би бил токму спротивен, но не и во оваа гробница. Делови од гробницата се уништени и не се знае што се наоѓало под урнатините.

Можеби зимата се наоѓа таму - сега, или некогаш, чувана од мртви кралеви.

Но, рамнотежата се нарушила бидејќи луѓето заборавиле, не се сеќаваат, или пак не го сметаат тоа за битно. Илјадници години единствените погребувани во гробницата биле кралевите на зимата и господарите од Винтерфел, но чесниот Нед Старк ги почитувал своите браќа и сестра му доволно за и нив да ги смести таму. Дали прекршил некое неизречено правило?

Но, не е се загубено. Веројатно Брен Градителот се подготвил за периодот кој доаѓа и можеби она што претходно било затвор, пред падот на зимата ќе се претвори во бункер.

Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.