Валиријански челик

Валирија,  бил главен град на голема импрерија, уништена 400 години пред настаните кои ги гледаме во серијата „Игра на Тронови“. Овој голем и важен град бил уништен од еден катаклизмичен настан, познат како Пропаста на Валирија (Doom of Valyria). Се верува дека ковачите на оружје во овој стар град, познавале специјални техники за изработка на  мечеви, односно за челикот од кој ги создавале. Методите вклучувале магија и оган од змејови, кои ги правеле сечилата полесни и поостри од други. Но, заедно со уништениот град исчезнале и овие методи, па во периодот кој нам ни е познат од книгите и серијата, неколкуте постоечки мечеви направени од челикот на старата Валирија, се исклучително вредни. Речиси сите се во сопственост на големите куќи, служејќи како статусен симбол и знак за престиж.

blekot

Eден од двата мечеви од валериски челик, кои припаѓале на куќата Таргериан. Мечот го поседувал Ејгон Први, за време на освојувачките војни. Потоа бил користен од неговите наследници, се до Ејгон Четврти (Недостојниот), кој го предал на неговиот незнаконски син Деимон, откако покажал голема храброст во битка – нешто што многумина го сметале за официјално признавање на Деимон како негов наследник и син, наместо Дерон, кој му бил законски признатиот син. Работите дополнително се искомпицирале кога Ејгон Четврти решил да ги легитимира сите негови незаконски синови. Тогаш Деимон го зема презимето Blackfyre и го води бунтот против куќата Таргериан. Оттогаш, мечот  е изгубен.

roar

Валиријански меч во наследство на куќата Ланистер, но загубен кога Томен Втори запловил кон Валирија и никогаш потоа не се вратил. Како резултат на тоа, една голема и важна куќа како Ланистерови останала без магичниот челик на стара Валирија со векови, на големо разочарување на патријархот, Тајвин Ланистер.

ice

Името на моќното сечило на куќата Старк. Овој огромен валиријански меч е дворачен (наменет да се ракува со две раце), со уникатен дизајн на темни бранови, каде јасно се гледа здиплениот челик, повеќе од илјада пати. Широк колку човечка рака и повисок од младиот Роб Старк. Името на мечот е наследено од Добата на Хероите (Age of Heroes). Ова магично ковано сечило, содадено е во Валирија, 400 години пред владеењето на Роберт Баратеон. Го добива и именува куќата Старк и станува меч на Лордот од Винтерфел. Лорд Едард Старк го користи за обезглавување осуденици.

Lightbringer

Меч кој припаѓал на Азор Ахаи, легендарниот херој за кој се претскажало дека ќе се бори и ќе го победи Големиот (The Gratе Other). Се смета дека мечот е направен од жив оган, а познат е и под името Цвениот Меч на Хероите. Сега е во сопственост на Станис Баратеон, откако го извлече од огнот на дрвените статуи на Седумте, со помош на свештеничката Малисандра.

mechovitenasite

Longclaw

Името на валеријанскиот меч во сопственост на домот Мормонт. Тој представува единствениот извор на богатство на оваа, инаку, осиромашена куќа. Сер Џора Мормонт го остава зад себе кога е протеран од Вестерос, а неговиот татко и голем командант на Ноќната Стража – Џиор Мормонт, му го подарува на Џон Сноу кога го спасува од невоља. Опишан е како копиле или рака ипол меч,  што значи дека е 15 сатиметри подолг од стандардно долг меч, убаво зашилен за бодежи и сечења. Брановидните форми на темниот челик е ознаката на валеријанската мајсторија. На рачката на мечот се наоѓа глава на мечка.

Oathkeeper

Валериско сечило, исковано од долгиот меч во сопственост на Едард СтаркIce, заедно со помалиот меч Widow’s Wail. Почетно подарок за Џејми Ланистер од Тајвин Ланистер, за потоа Џејми да го подари на Бриен од Тарт, пред да започне нејзината потрага по Санса и Арја Старк. Специфичен е бидејќи низ челикот се познаваат црно-црвените брановидни шари.

Widow’s Wail

Помалото сечило исковано од растопениот Ice на Старкови. Подарок за Џофри Баратеон од Тајвин Ланистер, во чест на неговата свадба.  Имануван е така од самиот Џофри, бидејќи „ќе направи многу вдовици“. Во книгите се опишува со бранови на различни бои. По смртта на Џофри, мечот му припаднал на Томен Баратеон.

Dawn

Меч кој припаѓа на куќата Дејн од Дорн, една од водечките, верни на познатата куќа Мартел. Интересно е тоа што ова сечило всушност не е исковано од валеријански челик, туку од метеорит, но ги поседува истите својства како типичен валеријански меч. Со овој меч ракувал познатиот Сер Артур Дејн од кралската гарда на кралот Ерис Втори Таргериан.

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.