Што крие Цитаделата?

Ликовите доаѓаат и си заминуваат, куќите се возвишуваат и паѓаат, но едно нешто во „Game of Thrones“ останува: мистериозната светлосна топка, опкружена со извртени метални сечила во најавната шпица. Бројните прикажани сцени на нив, кои ја отсликуваат историјата на Вестерос, отсекогаш се чинеа значајни.

Чекор поблиску сме до откривање зошто.

По многу долгото патување, Сем кочено пристинува во Цитаделата со задача да го усоврши своето знaење како подобро би му служиел на Џон Сноу како Главен Командант на Ноќната Стража (иако Сем сé уште го нема податокот дека Џон беше убиен, вратен во живот и сега веќе Крал на Северот, но … вестите бавно патуваат во Вестерос).


got_map-0-1280-0-1024


Вчудоневиден, влегува во бескрајната библиотека на Цитаделата, каде од таванот виси изум кој на прв поглед се чини дека служи за рефлексија на сончева светлина од прозорците, земајќи во предвид дека научниците кои ја одржуваат и користат библиотеката никогаш не би ризикувале да чуваат запалени свеќи во близина на драгоцените книги!

Изумот се вика астролаб, или попрецизно – небесна сфера (со Сонцето или Земјата, позиционирани во центарот), кој низ историјата го користеле истражувачите, морепловците, астрономите, па дури и астролозите, како би ги лоцирале и предвиделе позициите на планетите со цел да го одредат текот на годишните времиња, локалното време, движењето на ѕвездите и слично.

Но, астролабот во Цитаделата е покомплексен од традиционалниот. Металните прстени кои го опркужуваат преставуваат сечила кои ја отсликуваат историјата на Вестерос. Секое од нив означува приказ на одреден период: подемот на змејот, односно освојувањето на Вестерос од Ејгон Освојувачот; поразот на змејот од сојузот на еленот, волкот и лавот и почеток на владеењето на еленот.

lenti


Астролабот е симбол на неизмерното знаење зачувано во Цитаделата. Со илјадници, илјадници книги со документирана историја, научниците на Цитаделата го имаат светот под своите прсти.

Астролабот и променливата мапа во интрото од серијалот „Game of Thrones“, можеби преставува развој на една приказна која ни е раскажувана од некој член на Цитаделата – сосема веројатно од самиот Сем. Размислете … кога Сем пристигнува во Цитаделата е пречекан од еден лик со впечатливи очила. Детално прегледајте го интрото на серијалот и проценете дали можеби мапата е набљудувана токму преку ваков пар очила.

Се сеќавате ли дека Триокиот Гавран му вели на Брен: „Минатото е веќе испишано. Мастилото е суво?“ Дали тоа е можеби побуквално одошто мислевме? Дали е уште еден знак дека „Песната за мразот и огнот“ веќе е завршена и напишана?

147004803674001222


Ако тоа е случајот, можеби последната сцена од „Game of Thrones“ ќе биде крајот на приказната раскажана од стариот Сем, кој тогаш (децении подоцна), веројатно би изгледал како нашиот драг Џорџ Р. Р. Мартин.

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

 


 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.