Што се крие зад симболите?

Фантастичната телевизиска серија „Игра на Тронови(Game of Thrones) содржи мистични симболи кои ги проследуваме наназад до еден од најфасцинантините меѓу античката уметност и математика – грчката буква φ (фи), претставник на златниот пресек.

Симболите во Игра на Тронови, се појавуваат во две форми: како φ и како златната спирала – форма која ја содржи златниот пресек.

Специфичното поставување на овие симболи носи битен наратив и тематско значење во открвањето на скриената поврзаност помеѓу двата главни лика: Денерис Таргериен и Џон Сноу и навидум ја навестува нивната конечна судбина.


[huge_it_slider id=”5″]

Првиот симбол се појавува во почетната епизода од серијата, кога член на извидницата од Ноќната Стража забележува необично поставени делови од човечки тела, на северната страна од Ѕидот – форма на круг со права линија низ средината.

Подоцна, повторно од северната страна на Ѕидот, забележуваме како Џон Сноу низ своите патување налетува на друг симбол: мртви коњи наредени во спирална форма.

Низ визиите на Брен Старк во 6-тата сезона од серијата, се сретнуваме со истите спирални форми каде и го откриваме нивното потекло како древни симболи кои ги создале децата од шумата.

Креаторите на серијата (Џорџ Р.Р. Мартин, Дејвид Бениов, Д.Б. Вајс) велат дека симболите се поврзани со односот помеѓу доброто и злото.

Сретнуваме древни симболи кои децата од шумата ги користат во своите ритуали. Тие и ги создаваат Белите Талкачи. Ноќниот Крал (Night King), е на некој начин отелотворување на апсолутното зло, а ние го гледаме неговото создавање.

Се чини дека ја прикажуваат оваа тема преку вистински симболи со исклучителни математички својства на симетрија и баланс: грчката буква φ и златната спирала. Бројот φ е бесконечниот број 1.6180399… и основата на златниот пресек – магичниот пресек каде односот на два нееднакви дела од една отсечка, линија или друга величина, кога помалиот дел се однесува кон поголемиот дел како што поголемиот дел се однесува кон вкупната дожина.


slajdfi

Колку и да e збунuвачкa математиката, формите основани по овој пресек се сметаат прекрасни за окото.

φ има постигнато мистична важност поради сеприсутноста во нашето секојдневие. Го сретнуваме во математиката, геометријата, уметноста, животот и природата. Растенијата, животните и човекот поседуваат димензионални својства неразделни од пресекот. Аристотел симболично се изразил:

Златната средина ја претставува идејата дека основната убавина на животот се постигнува преку идеална рамотежа. Таа е средишната точка помеѓу недостатокот и вишокот.

Освен со Белите Талкачи и Децата од Шумата, симболите првенствено се појавуваат во поврзаност со Денерис и Џон Сноу. Иако и останатите Старкови имаат некакви интеракции со формите, Денерис и Џон се прикажаните во центарот.

Повеќето случаи на вакви намерни поставки, нé водат кон идејата дека ова претставува нешто повеќе од случајност. Визуелнита врска имплицира на нивната поврзаност со симболите, како и на меѓусебната поврзаност.


[huge_it_slider id=”4″]

Познато ни е дека се во крвно сродство, но сродноста во рамките на симболите веројатно укажува на нивната родна врска со Белите Талкачи, поточно со Ноќниот Крал или пак со децата од шумата (или пак со двете). Точно е дека Џон и Денерис поседуваат некаква натприродна моќ.

Вистинската, историска вредност на овие симболи пренесува длабока тематска порака дека спротивностите, како доброто и злото, мразот и огнот, зимата и летото, одмаздата и прошката, мора да коегзистираат во баланс како би постоела хармонија. Токму затоа ги поврзуваме Денерис и Џон со симболот φ и златниот пресек – тие се претставниците на спојот на мразот и огнот (A Song Of Ice And Fire), предодредени да направат баланс, да го вратат редот во светот на Играта на Тронови.

Оваа унија се навестува низ визијата на Денерис во Домот на Неумрените (House of Undying). Во визијата, желензниот трон е поставен на север. Над него стои хептаграмот, седумаголната форма поврзана со Седумте Кралства, со Кингс Лендинг и септата, која не ги поседува хармониските својства на φ. Денерис го одминува тронот како да ја одбива традиционалната поделеност и продолжува преку пората на Ѕидот кон север. Одеднаш, огнената мајка на змејови се поврзува со мразот, можеби и со Белите Талкачи и Ноќниот Крал, што речиси алудира на семеен спој меѓу Денерис, Џон Сноу и луѓето од северот. Визијата го претскажува обединувањето на Денерис и Џон на северот и конечно крајот на борбата за тронот.

[huge_it_slider id=”3″]

Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.