Победа за Белите Талкачи?!

Седмата сезона на „Игра на Тронови“ (Game of Thrones), конечно ќе ги донесе завршните конфронтации кои ги чекаме од самиот почетокот. Куќите Старк и Ленистер повторно ќе се судрат, Денерис Стормборн конечно ќе се врати на Вестерос, Белите Талкачи (White Walkers) ќе го уништат Ѕидот и ќе ги нападнат Седумте Кралства. Да претпоставиме дека Денерис и Џон Сноу ќе најдат начин да ги поразат, но сепак да не бидеме убедени. Можеби токму во овој момент, Белите Талкачи заслужуваат да победат.    

Што не учи „Игра на Тронови“?

Многу лекции, но една мошне впечатлива: луѓето не секогаш го прават она што им се чини дека е најбитно. Прават грешки и делуваат опасно. Тоа го стори и Нед Старк; Џофри; Роб Старк, Серси, Денерис; секако дека и Тирион. Вестерос не е Средната Земја на Толкин каде тешките и несебични жртви се даваат за општото добро. Вестерос се чини дека се однесува на себичноста – на она што поединецот смета дека во моментот треба да го стори (замислете го убиството на Тајвин Ленистер).

Таквиот свет е непогоден за едно нешто: соединување. На пример, монархијата Баратеон/Ланистер упорно ја игнорира големата закана од Белите Талкачи и сé поужасната ситуација во која се наоѓа Ноќната Стража досега.

Дали куќите од Вестерос, Ланистер, Грејџој, Старк, Таргериен, би ги ставиле настрана своите разлики заради нападот на бесмртните? Можеби конечно би се потрудиле – барем по падот на Ѕидот. Џон Сноу и Денерис имаат несебична склоност, секако, но дури ни змејовите нема да го олеснат патот кон обединување на војската.   

Или пак, може да е премногу доцна. Наскоро Дотраките заедно со змејовите ќе го разурнат Вестерос, како и флотата Грејџој и елитните воини-евнуси. Следи катастрофална војна помеѓу големите куќи пред Белите Талкачи да го преминат Ѕидот. До моментот на напад на Ноќниот Крал (the Night’s King), веројатноста луѓето да се растргнат меѓу себе е многу голема.

Некако звучи доста „гејмофтронски“ овој пресврт на победа за Белите Талкачи.  
 Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.