Ледениот змеј

Иако се наближува крајот на уште една сезона од „Игра на Тронови“ (Game of Thrones), не може да не се запрашаме какви изненадувањa нé очекуваaт. Кој лик ќе се појави, кој ќе умре и кој ќе преживее уште една сезона?

Додека најголемо внимание е упатено кон Џон Сноу и неговото вистинско потекло, кое веќе е и сериозно поткрепено со уште еден доказ, незнајно откриен од Гили во Цитаделата, постои уште една возбудлива теорија која вклучува драматична пресметка помеѓу Денерис Таргериен со нејзините змејови и Кралот на Ноќта и неговите.

Можеби звучи апсурдно, но доколку се случи, прашање е како дошол Кралот на Ноќта до змејови?

Џорџ Р.Р. Мартин за прв пат пишува за ледените суштества во детската книга од 1980 година „Ледениот Змеј“ (The Ice Dragon), објавена цели 16 години пред ,,Игра на Тронови’’.

novobookicedragon


Во приказната се зборува како мало девојче стекнува необично пријателство со леден змеј, кој пак и помага во борбата со седум огнени змејови. За време на раѓање на девојчето, кое ја има оваа магична врска со змејот, мајката умира – многу слично со Денерис во нашата приказна. Но, чии други мајки умреле за време на раѓањето на своите деца? Лиана Старк – мајката на Џон и Јоана Ланистер – мајката на  Тирион. Цело свое детство Тирион сонува за змејовите. Во изминатата сезона при интеракцијата кога ги ослободува Регал и Визерион од окови, може да видиме и дека добро се согласува со нив. Во последната епизода, сведоци сме на зближување меѓу Џон и Дрогон.

fire_and_blood_by_deviousaffair-d73z3xi

Овие информации ни се важни, доколку ги поврзуваме со теоријата за триглавиот змеј.  На крајот од приказната, ледениот змеј, иако победува, се топи и станува мало ладно мочуриште. Фантастичниот свет на приказната за ,,Ледениот Змеј”, во многу елементи наликува на оној од ,,Песна за Mраз и Oган” (ASOIAF), но самиот автор вели дека двете приказни не го делат истиот универзум. Така, неизвесно е дали правилата за ледениот змеј важат во двете приказни.

Референци за магичните ледени суштества се наоѓаат распространети низ сите делови на ASOIAF, но сепак највпечатливи се приказните кои старицата (Old Nan) ги прераскажува на сите Старкови деца низ годините. Многу веројатно е дека овие мрачни успивни приказни не биле уште еден начин да се забавуваат и смират енергичните деца.

Старицата (Old Nan) и приказната за Долгата Ноќ


Приказните од минатото како што се оние за Кралот на Ноќта, Долгата ноќ и Последниот Херој, се покажаа како претскажувачки. Додека раскажува вели; ладни како здивот на ледениот змеј“, токму како што се опишани од учителот Маргет во Цитаделата: „колосални ѕверови, многупати поголеми од змејовите во Валирија… создадени од жив мраз со бледо сини кристални очи и огромни проѕирни крилја низ кои можат да се видат Месечината и ѕвездите додека летаат преку небото.’’ Додека пак обичните змејови (ако воопшто може змеј да биде обичен) блујат оган, ледените змејови, наводно, издишуваат студ толку страшен кој за секунда може да го замрзне човекот.

Сега кога зимата конечно е тука и армијата на Кралот на Ноќта е сé поблиску до Ѕидот, се чини дека враќањето на ледениот змеј не само што е можно, туку е и неизбежно. Ако мислите дека Дрогон, Визерион и Регал се големи, според легендата ледените змејови ги замрзнуваат нивните пламени братучеди.

Сепак, постојат оптимисти кои верувааат дека ледениот змеј ќе се бори на страната на доброто и дека малото езерце кај светото дрво на старите богови во Винтерфел, е всушност остаток од него.

pondwinterfel

Кога ќе биде повикан, тој наводно ќе се регенерира и ќе се бори покрај Џон Сноу, бидејќи во книгите, додека Џон е во Црниот Замок, доста често размислува за леден змеј:

Патот под Ѕидот е мрачен и ладен како стомакот на леден змеј, a извиткан како змија…Ветрот беше силен и студен како здивот на ледениот змеј од приказните што Олд Нан му ги прераскажуваше на Џон кога беше момче.

Друга теорија вели дека има леден змеј во Ѕидот. Знаеме дека Ѕидот датира од пред околу 8.000 години, периодот кога, доколку им веруваме на учителите од Цитаделата, магијата во светот го достигнала својот врв. Познато е дека во основата, односно темелите на Ѕидот, постојат магиски својства кои се верува дека змејот ги користи за своја надмоќ и обезбедува поддршка за ѕидот. Во книгата за ледениот змеј, дури се споменува дека тие имаат карактеристики со кои можат да ја променат формата (shape-shift). Многумина веруваат дека доколку падне Ѕидот, ќе видиме змеј што се пробива од неговите темели.

thewallnewborder

Меѓутоа, најпопопуларна, а воедно и највозможна теорија, е дека Кралот на Ноќта може да воскресне обичен змеј и да го направи леден. Змејовите на Денерис изгледаат непобедливи, но врз основа на историјата на серијата тоа не значи многу, па така еден од нив би можел да биде жртва до крајот на сезоната.

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.