Куќата на Црно и Бело

Куќата на Црно и Бело е голем храм кој се наоѓа во слободниот град Бравос, Есос. Посветен е на Богот со многуте мица. Храмот лежи на мал остров во лагуната на Бравос. Иако до него може да се дојде со чамец од главното копно на градот, островот е прилично напуштен.

Што треба да знаете за Куќата на Црно и Бело – храм различен од било кој друг? Вклучува иконографија од многу религии на Есос и Вестерос:

border3

Странецот Верата на Седумте
Богот во чест на Старите Богови на Шумата
Удавениот Бог - Железните Острови
Огненото срце - Господарот на Светлината
Црната Коза - Богот на одбраната од Есос 
Лавот на Ноќта - Казнениот бог на Есос
Жената што плаче - Лис, Есос

Сите богови од дадените религии претставуваат едно нешто – смрт. Смртта некои ја сметаат за благослов. Оние кои сакаат да ја примат, можат да дојдат во Куќата на Црно и Бело и да се напијат од водата на нејзите отровни базени, како што видовме во неколку епизоди од изминатата 5-та сезона на серијалот „Игра на Тронови“. Тоа претставува вистински подарок за оние кои се безнадежни и кои доаѓаат сакајќи да умрат.

Куќата на Цено и Бело, е составена од многу нивоа под земјата. Не претставува црква и не се спроведуваат услуги како во другите вери, но свештениците можат да им помогнат на луѓето, доколку тие побараат. Свештеникот и следбениците спијат на првото нивото, под нив спијат слугите, а под тоа ниво се наоѓа Светилиштето – местото каде ги чуваат лицата кои ги собираат. Собираните лица се на оние кои доаѓаат во Куќата на Црно и Бело, за да им се помогне при нивната смрт. Потоа лицата, се користат како маски.

Куќата на Црно и Бело има простор за тајни средби, бидејќи во рамките на нејзините ѕидови, меѓу свештениците и верните следбеници, постои и култот на атентатори – Безличните Луѓе (дел од нив, се жени).

Безличните луѓе се оние кои можат да ги користат лицата на починатите и да си создадат нов идентитет. Оваа конкретна група која го обожува Богот на Смртта, исто така го дава неговиот дар на оние кои не го бараат и посакуваат – тие веруваат дека прават чин на милост, но останатите, ги нарекуваат платеници. Нивните услуги доаѓаат со цена, која варира согласно целта: смртта на еден крал, чини многу повеќе од еден селанец. Првичната понуда на Џакен Хагар за Арија е три смртни случаи – „оние кои таа ќе ги избере“ –  нешто што е всушност голема работа и само мал број на луѓе во Вестерос би можеле да платат за тоа.

Безличните Луѓе не ја бираат целта. Тоа не е нешто лично. Како што велат, тие се „никој“. Самоодрекувањето и отсранувањето на егото, им дозволува да му служат на својот бог.

Текст: Марија Јовановска

marulka

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.