Календар, 2016 – Игра на тронови

„Дозволете ми господару, за последен пат да ве посоветувам“, рече старецот, „истот совет што еднаш му го дадов на брат ми, кога се разделивме за последен пат. Имаше триесет и три години кога Големиот Совет го качи на Железниот Престол. Возрасен човек, со синови свои, но на некој начин, сé уште момче. Поседуваше невиност Ег, свежина која на сите ни беше драга. „Убиј го момчето“, му реков дента кога качен на брод, запловив кон Ѕидот. „Потребен е маж, како би можел да владее“. Имате само половина од годините на Ег господару, а се плашам дека товарот кој го носите е посуров. Ситна ќе биде радоста за време на вашето владеење, но верувам во силата која ја имате да го сторите она што мора да биде сторено. Убиј го момчето Џон Сноу. Зимата е речиси до нас. Убиј го момчето и дозволи мажот да се роди.

Ејмон Таргериен   

Училиштето Никулец ви го претставува својот концепт на автентичните илустрации на Џери Лиу, низ календар за 2016. За сите потребни инфомации поврзани со календарот, не се двоумете и запрашајте ја секретарката на нашето училиште, или контактирајте не на нашата facebook страница.

г-ѓа Пандора Прут: pandora.prut@nikulec.com

 

Календар, 2016 – Игра на тронови

prvastrana

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.