Џејми Ланистер на Гренланд?

Џејми Ланистер во популарната серија „Игра на Tронови“, не покажа љубов кон далечниот север. Но, спротивно на златокосиот лик, данскиот актер Николај Костер-Валдо,  тргнува во авантура во јужниот дел од Гренланд собирајќи Street View фотографии за Гугл, со цел да го потенцира влијанието на климатските промени.

Гренланд е дом на околу 56,500 луѓе и е полуавтономна територија во рамките на Данска. 80% од површината на територијата е покриена со мраз, кој алармантно брзо се топи, со растот на глобалните температури.

Николај Костер-Валдо

jamiegreenland

Секоја година се забележуваат рекордно викоки температури насекаде на планетата Земја, како последица од глобалното затоплување, а Гренланд се менува побрзо од било кое друго место. Последиците се лесно видливи: морскиот мраз се топи, глечерите се ронат, а местата кои некогаш биле покриени со мраз, сега се голини. Статистиките, графиконите, научните забелешки и извештаи, се информативни, но истовремено сувопарни и збунувачки. Затоа, овие слики ќе им помогнат на луѓето на поедноставен начин и преку прекрасни фотографии да се запознаат со темата и проблемот. На овој начин, ќе можат полесно да се разберат драстичните промени кои се случуваат на ова далечно место и потребата од промена на климатските трендови.

Данскиот актер пренесувал 360° трекер камера на југот од Гренланд. Првата станица била во селото Игалику (Igaliku), каде и живее во поголемиот дел од годината со својата гренландска сопруга Нукаака (Nukâka) и нивните две ќерки.

Игалику (Igaliku)

Со население од само 27 жители, ова е едно од најпознатите идилични села, со светло обоени куќи и паднини полни со овци. Како што се менувал пејзажот, така и локалната економија. Новите можности за ископување на скапоцени метали кои претходно биле непристапни и промените на глечерите, драстично го нарушиле ловот и риболовот кој бил единствениот начин на живот кај локалците со векови.

Актерот го посетил и прекрасниот фјорд Qoorog, каде втората по големина ледена површина завршува во морето. Оваа ледена покривка се топи со забрзано темпо – 300 милијарди тони мраз исфрлени во океанот годишно! Ова топење наштетува на еден од најважните крајбрежни екосистеми и локални резерви на храна и вода, што директно придонесува за зголемување на нивото на морето.

Викиншки урнатини

vikingruins

Николај вели:

Имаме одговорност да ја заштитиме оваа прекрасна планета на која живееме, а јас почнувам на мојата влезна врата. Но, сите места и луѓе се ранливи од ефектите на затоплување на планетата. Ајде да се здружиме и да направиме нешто во врска со тоа. Да научиме за глобалните напори за справување со климатските промени и да откриеме на кој начин да превземеме акција.  

 

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.