Годишните времиња на Вестерос

Ние, луѓето кои ја населуваме планетата Земја, го земаме за готово фактот дека годишните времиња се менуваат во предвидениот рок – секогаш можеме да бидеме сигурни, дека пролетта е зад аголот. Но истото, не можaт да го кажат и жителите на Вестерос.

Зошто е тоа така и кои се научните објаснувања за долгите и непредвидливи годишни времиња на Вестерос?

Еден несекојдневен и уникатен момент кој е нормален во светот на Џорџ Р.Р. Мартин, е огромната сезонска варијабилност. Летата и зимите се со неопределена временска должина, оставајќи го населението на Седумте Кралства да се прашува, уште колку долго ќе трае тековната сезона и колку долга и непријатна би била наредната.

Ова звучи како прилично добра фантазија, но дали навистина е возможно? И дали постои можност, вакви сезони, со пременливи временски должини, да и се случат на Земјата?

Одговорот е да. Всушност, постојат најмалку пет научни објаснувања, кои би можеле да ни помогнат, да се објасни она што се случува во Седумте Кралства.

Лабава планетарна накосеност

Сезоните на Земјата се предизвикани со навалување на оската на ротација на 23,4°. Насоката на ротационата оска на Земјата останува речиси фиксирана во просторот и покрај факотот што ротираме околу Сонцето. Како резултат на тоа, во зависност од местоположбата на Земјата на патот по својот орбита, северната хемисфера е навалена кон Сонцето – причина поради која го доживуваме летото.  Половина година подоцна, кога Земјата е на спротивната страна на Сонцето, северната хемисфера е навалена подалеку од него, што резултира со зима.

Самите сезони, се резултат на менување на дневната изложеност на светлина.  Во умерените и поларните региони, годишните времиња се означени со промените во интензитетот на сончева светлина која допира до површината на Земјата. Што помалку сончева светлина, толку постудено време.

planeta

Битно е да се напомене дека оската на ротација на Земјата е исклучително стабилна. Доколку тоа не беше така, накосувањето на Земјата би било многу понесигурно, што би резултитрало со непредвидливи и променливи сезонски должини, токму како оние во Вестерос.

Но, за среќа ја имаме Месечината. Односно, имаме многу голема Месечина. Месечината на Земјата, е несразмерно голема во однос на другите планетарни сателити во сончевиот систем.  Без неа не би постоеле сезони, или тие би биле многу поразлични од оние на кои сме навикнати. Месечината има ефект на стабилизирање на навалувањето на ротационата оска. Без неа, Земјата би била во разнишан хаос.

Интересно е да се напомене дека според легендата, Вестерос некогаш имал две месечини, но една од нив, талкала премногу блиско до Сонцето и испукала од топлината, излевајќи илјадници змејови. Освен змејовите, разбирливо е дека некој таков катасрофален небесен настан, би можел да ја избрише втората месечина, по што ротационата оска на нивната планета би се изместила.

Исклучително издолжена орбита

Најчесто раскажуван мит, е дека годишните времиња на Земјата се предизвикани со менување на близината до Сонцето. Колку е планетата подалеку од сонцето (афел), толку би било постудено на неа.

Планетата на Вестерос, би имала многу екцентрична, односно издолжена орбита. За разлика од нашата планета, нивниот свет можеби се наоѓа исклучително далеку од Сонцето за време на точката афел, со што би се објасниле долгите и остри зими. На спротивната страна, кога планетата е на точката перихел која е најблиску до Сонцето, би имала доста пролонгирано лето.

Планетата Марс, го искусува токму овој вид на перихел, што се одразува со високи температурни варијации и силни бури.

Сепак, проблемот со оваа теорија е тоа што не ни ја објаснува непредвидливоста на годишните времиња. Жителите на седумте кралства, сепак би имале годишни циклуси со фиксирани должини, дури и ако траат подолго од нашите, на Земјата.

perihel

Сложениот циклус Миланковиќ

Земјата е предмет на значително подолги планетарни и аксијални трендови. Варијации во ексцентричноста на орбитата, аксијалното поместување и прецесијата на орбитата, можат да донесат навики на кои ќе им се потребни илјадници години да завршат. Потребни се 26.000 години за оската на Земјата да заврши целосен процес на прецесија, додека за истото време Земјата орбитира со променлива брзина.  Комбинираниот ефект на овие два феномени, создава астрономска сезона од 21.000 години. Токму овој циклус се нарекува Миланковиќ.

Сите планети имаат свој Миланковиќ циклус, кој на едниствен начин влијае на временските услови и сезони.

Гледајќи ја ситуацијата во Вестерос, можно е овој циклус да е брз и сложен. Ако тоа е случајот, тогаш нивните сезони, ќе варираат во должина и острина.

ushteponovmilenkovich

Океани, струи и ветрови

Било која регионална клима има длабоки влијаниа на фактори, како што се големината на самиот регион и близината до големи водни пространства.  Земете го за пример Јужниот Пол – се наоѓа во средина на Антарктикот и на значително растојание од влијанието на јужните океани. Северниот Пол од друга страна, се наоѓа во Арктичкиот Океан, а водата ги ублажува неговите темпреатурни екстреми.

Океанските струи и ветрови имаат големо влијание на климата, а и самите се предмет на циклусни варијации. Струи како Ел Нињо и Ла Ниња, влијаат врз регионалната клима низ периоди од пет или повеќе години.

Седумте кралства, можеби се изложени на вакви долгорочни временски трендови. Нивната географија можеби е значително поразлична од онаа на Земјата. Вестерос, можеби има поголеми океани, повисоки планини, посилни струи и помоќни ветрови, кои кога би се искомбинирале, би добиле прилично непредвидлив и долгорочен временски систем.

elnino

 

Без разлика, време е да се стоплиме со омиленото кебенце. Сепак зимата доаѓа.

Текст: Марија Јовановска

marulka

 

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.