Белите Талкачи (The White Walkers)

Во осмата епизода од петтата сезона на ТВ серијалот Игра на Тронови, бевме сведоци на враќањето на непријатните ледено-бели чудовишта познати како Белите Талкачи (The White Walkers). Нивната појава беше брутален потсетник за тоа колку опасни и морничави пријатели има Вестерос.

Но, во случај да сте заборавиле на теророт за кој се способни синооките натприродни воини, следува мал потсетник за нив – кои се тие, што се способни да направат, кои се нивните мотиви и кој е нивниот водач?

The White Walkers се митолошка раса, спомнати во древните легенди и приказни од времето на Првите Луѓе и Децата на Шумата.

whitewaker-nikulec

Осум илјади години пред бунтот на Роберт Баратеон, имало зима позната како Долгата Ноќ, која траела цела една генерација. Во темните и долги студени ноќи, The White Walkers се спуштиле во Вестерос од најдалечниот север на земјата, од поларните региони, земја позната како Постојана Зима, убивајќи го секој оној кој ќе им наидел на патот. Мртвите тела ги реанимирале во облик на Wights (вајт) – суштества слични на зомби, кои подоцна стануваат под нивна команда и се дел од Армијата на Мртвите.  На крајот, народот во Вестерос успеал да се обедини и да ги порази овие грозоморни суштества, во конфликтот познат како Војната за Разденување и да ги врати назад.  Во меѓувреме, легендарниот архитект Брендон Градителот го подигнал и најголемиот Ѕид што човекот го видел, надевајќи се дека токму тоа ќе го спречи нивното враќање. Во тој период е оформена и Ноќната Стража, чија цел е да го штити кралството од ваква опасност.

Основни карактеристики

dragonglass

Просечниот White Walker е високо суштество, со сериозно лоша кожа, сини очи и непријатен став кон остатокот од луѓето кои живеат во Вестерос. Во основа е бесмртен, но знаеме дека може да го усмрти змејско стакло или валиријански челик.  Исто така се чини дека имаат некои измешани сили кои се базираат на мраз: користат ледено оружје, но можат да уништат и метални сечива. На крајот, тука е и нивниот трик да оживеат мртовци кои ќе бидат во нивна служба како безумени робови.

Wights (потчинетите) се реанимирани трупови (човечки или животински), оживеани од The White Walkers. Без оглед на бојата на очите додека се живи, сите вакви суштества добиваат ледено сини очи, исти како оние на нивните господари. Кај телата кои се мртви подолго време, нема знаци на гниење и пропаѓање. Исто така, тие се близу-неуништливи и можат да издржат повреда што инаку би била фатална, како на пример отстранување на екстремитети. Сепак овие суштества се осетливи на оган. Нивното месо е екстремно запаливо, како да се облиени со нафта. Како мерка на претпазливост, Слободниот Народ ги гори телата на своите починати, за да неможат да бидат оживеани и да се претворат во Wight.

Разлики меѓу White Walker и Wight

Ги обединува бојата на очите, но во суштина овие два вида се доста различни. Првите се надприродни суштества, а другите, во основа, се зомби. Но, White Walkers се и интелегентни, со свој вид на општество, организација и јазик – Skroth.

walkervswight

The Night’s King (Кралот на ноќта)

Тоа е човекот кој со само еден застрашувачки потег оживеа илјадници Дивјаци кои станаа дел од неговата армија. Но, кој е всушност тој? Според легендата, Кралот на Ноќта живеел во Периодот на Хероите, не многу долго по завршување на Ѕидот. Тој бил смел воин, именуван како тринаесеттиот Врховен Командант на Ноќната Стража (Џон Сноу е 998-от). Се  заљубил во жена со „кожа бела како месечината и очи како сини ѕвезди“ – опис кој се совпаѓа со оној на Другите (The Others). Тој ја донел назад во Најтсфорт, каде по несветиот сојуз, се прогласил за крал, а неа за своја кралица. Владеел со овој замок цели тринаесет години. Во текот на темните години од неговото владеење, биле извршени ужасни злосторства кои сé уште се раскажуват во облик на приказни на Северот. Теророт се случувал се додека сопствениот брат кој бил Крал на Северот и Џорамун – Кралот над Ѕидот , не ги здружиле своите сили да го бутнат од власт и да ја ослободат Ноќната Стража. По неговиот пад, било откриено дека се жртвувал на Другите, па затоа сите записи за него се уништени, а неговото име забрането.

game-of-thrones-season-5-nights-king-hbo

Кој е нивниот мотив?

Сето ова е доста мистериозно – досега се чини нивните желби беа ограничени на убивање луѓе, трасирајќи го патот кон југот, со намера за големата агенда за освојување на Вестерос. Сепак, на големите прашања сé уште сме без одговор –  дали Ѕидот навистина може да ги сопре? Што правеле цело ова време? Можеби ќе ни стане малку појасно до крајот на петтата сезона, или пак можеби ќе си почекаме до наредната.

Текст: Марија Јовановска

marulka

 

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.