Белите Талкачи – аналогија на климатските промени?
Кои се Белите Талкачи? Која е нивната цел?

Белите Талкачи се, несомнено, зла сила во Игра на Тронови, но постои теорија која вели дека тие всушност претставуваат метафора за климатските промени, што и самиот автор Џорџ Р.Р. Мартин го потврдува.

Animacja g

На прв поглед, можеби делува бизарно, но сепак се презентирани доста убедливи аргументи. И покрај тоа што се егзистенцијална и актуелна закана за човештвото, Белите Талкачи генерално не се земаат во предвид многу сериозно, слично на отфрлањето на науката за климатските промени од многумина. Приказните за нив ги прераскажуваат старите жители на Северот и често се отфрлаат како лажни од луѓето, како примерот со Тирион Ланистер кој дури ги споредува со сирени кои рибарите од Ланиспорт тврделе дека ги забележуваат.


Kнигите, како и серијата, отвараат со масакр на Белите Талкачи, што веднаш ја утврдува нивната улога на главни антагонисти во приказната. Во краткото појавување, покажуваат тенденција за ритуална суровост, одлични борбени вештини и способност за ре-анимација на мртвите.

Во телевизиската серија, имавме можност да го видиме и нивното потеклото, благодарение на визиите на Брен – создадени од Децата на Шумата, на кои очајно им било потребно моќно оружје во нивната војна против луѓето. Но, тактиката на крајот потфрлува, а илјадници години подоцна Кралот на Ноќта и Белите Талкачи ги убиваат не само луѓето, туку и нивните креатори. Белите Талкачи –  чистото зло, создадено од добрoто, претставуваат тематски фокус на приказната – меѓусебната поврзаност на доброто и злото како и балансот меѓу спротивставените елементи како што се оган и мраз.


2008476

Генарално, заканата од мистериозните Талкачи го претставува нашиот страв од непознатото – да се плашиме од тоа што не го ни знаеме.  Ги немало илјадници години, а кога повторно се враќаат, луѓето одбиваат да прифатат дека постојат и покрај видливи докази. Додавајќи кон нивната мистерија, тие се појавуваат повремено, испраќајки ги во нивно име мртвите (wights). Обично за нив се слуша на вознемирувачки средби од втора рака.


Но, посовремена интерпретација за Белите Талкачи е метафората за климатските промени. Тие се измислени да му користат на својот творец – како на пример јагленот, чија цел била да го поттикне развојот на модерната индустрија, но не успеал и причинил значителни штети, како нестабилни временски услови, кои произлегуваат од климатските промени. Згора на сé, претставуваат и незапирлива сила на природата. Исто како и случајот со временските промени – оние кои се најмногу чувсвителни на елементите, се и првите погодени, додека лиуѓето кои живеат во развиени области, го имаат луксузот и можноста да го игнорираат проблемот.

freefolkcigridtormund

Во приказната на Џорџ Р.Р. Мартин тоа е Слободниот Народ кој живее позади Ѕидот, но и луѓето од северот кои се први на удар од опасноста. Остатокот од Седумте Кралства, кои живеат во топлите плодни делови, одбива да верува во заканата на Кралот на Ноќта и Белите Талкачи. Реална паралела би биле малите острови во Тихиот Океан чии брегови полека исчезнуваат „благодарение“ на растот на морското ниво. И спротивно, виско развиените метрополи далеку од бреговите каде иако се чувствува промена, не им се заканува потоп и инстант исчезнување.

kiribatitihiokean

Без разлика дали ги поврзуваме Белите Талкачи со климатските промени, зимата, смртта, злото или судбината, тие всушност се потсетување на поголеми закани, надвор од нашите мали борби. Наместо обединување и давање отпор, сите засегнати страни во приказната минуваат повеќе време во расправии, фокусирајќи се на нивните краткотрајни проблеми и интереси, или пак целосно негирање за реалноста на проблемот.

Сепак најосновните проблеми на двата света, вклучуваат отфрлање на информациите собрани на фронтот, миграција на ранливите популации кои ги вознемируваат соседните заедници, и потенцијална пречка, која доколку не се надмине, не постои надеж за преживување.

На оние во првите редови на северот, ќе им биде потребна помош од сите жители на Вестерос кога ќе дојде време да се соочат со големата битка. Но, се разбира, постои една голема разлика меѓу приказната и реалноста: зимата доаѓа во Вестерос, но Земјата полека исчезнува.

d1_1x

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.