Како гледаат бувовите ноќе?

Како гледаат бувовите ноќе?

На бувовите им се придава посебно значење. Примитивните народи негувале многу празноверија поврзани со ова животно, главно поради неговиот необичен крик. Буката која ја прават бувовите, во многу делови од Европа и денес се толкува како предзнак за смрт. Разновидни врсти на бувови се распространети по целиот свет. Снежно белите пердуви на бувот од ледените … Continue reading »
Зошто лилјаците спијат обесени со главата надолу?

Зошто лилјаците спијат обесени со главата надолу?

Постојат многу мал број животни чие движење толку многу зависи од летањето, како кај лилјаците. Летаат и инсектите и птиците, но тие сепак се движат и на друг начин. Меѓутоа, екстремитетите на телата кај лилјаците не се создадени за одење. Тоа од друга страна, значи дека лилјаците не можат ниту да стојат со леснотија. Затоа, … Continue reading »
Што е ехо?

Што е ехо?

Постои една многу стара легенда, со која античките Грци си го објаснувале ехото, или одекот во планините. Легендата вели дека многу одамна, живеела една многу убава самовила по име Ехо, која имала само една мана – премногу зборувала. За да ја казни, богињата Хера и’ забранила да зборува, освен ако некој не и’ се обрател, … Continue reading »
Зошто снегулките имаат шест краци?

Зошто снегулките имаат шест краци?

Снегот е само замрзната вода. Па зошто тогаш не наликува на лед? Во секоја снегулка има голем број ледени кристали, па одбивањето на светлината од нивната површина прави снегулките да изгледаат бели. Снегот се создава кога во атмосферата замрзнува водената пареа. Тогаш настануваат мали, минијатурни кристали, бистри и провидни, невидливи со голо око. Со оглед … Continue reading »
Како пајаците плетат мрежа?

Како пајаците плетат мрежа?

Можеби мислите дека пајакот своите свиленкасти влакна ги употребува исклучиво за плетење на својата мрежа за лов. Но, вистината е дека ниедно друго животно не го употребува својот свилен конец за толку различни цели, како пајакот. Пајаковиот конец, освен за правење мрежа, може да послужи и како канал за спасување, за градење засолниште, за правење … Continue reading »
Што е интересно кај полжавите?

Што е интересно кај полжавите?

Полжавите припаѓаат на класата мекотелци, односно безрбетници. Постојат две основни групи на полжави. Првата група ги опфаќа полжавите со заштитна обвивка во облик на лушпа и другата, чија заштитна мембрана се состои од мека наметка. Припадниците на втората група се нарекуваат уште и голтари. Сите припадници на оваа група мекотелци имаат повеќе стапала на долната … Continue reading »
Како било пронајдено стаклото?

Како било пронајдено стаклото?

Првото стакло го создала самата природа. Пред 450 000 000 години, усвитените карпести материи од јадрото на Земјата се пробиле низ земјината кора, во вид на растопена вулканска маса. Онаму каде усвитената лава содржела силициум и нагло се ладела, се формирало стакло тврдо како камен. Таквото вулканско стакло се нарекува опсидијан. Илјадници години стаклото било … Continue reading »
Саќе

Саќе

Саќето е еден вид на смеса, мноштво од шестоаголни восочни келии кои ги градат медоносните пчели во своите гнезда. Служи како легло за ларвите на пчелите и место каде се складираат медот и поленот. Пчеларите може да го отстранат целото саќе од кошницата за да го соберат медот. Медоносните пчели конзумираат околу 4 kg мед, … Continue reading »
Дали жирафата е нема?

Дали жирафата е нема?

Штом помислите на жирафа, веројатно првото нешто на кое ќе се сетите е нејзиниот долг врат. Но, постои и друга несекојдневна особина кај ова необично животно. Жирафата е речиси сосема нема. Велиме речиси, затоа што некои жирафи кои биле набљудувани, создавале некаков вид на звук во исклучителни ситуации. Така на пример, женките жирафи понекогаш многу … Continue reading »
Тута апсолута

Тута апсолута

Тута апсолута, или Доматен листен минер (лат. Tuta absoluta) е мошне сериозен штетник – пеперутка, кој може да биде фатален за доматот. Може да уништи и до 100% од годишната реколта. За прв пат е забележан во Јужна Америка, во 80-тите години на минатиот век. На поголеми далечини може да се пренесе преку транспорт на плодови (на амбалажата во … Continue reading »