Уметност на звукот

Уметност на звукот

Првите моменти во минатото, кога луѓето започнале да ги приметуваат звуците околу нив, довеле до организирање и спојување на сите тонови и развој на разни видови мелодии. Преку ваквата уметност на звукот, со ритамот, музиката и храмонијата, изразувале разни идеи и емоции. Првите музички записи биле мошне едноставни и создадени со уште поедноставни инструменти. Раните цивлизации … Continue reading »
Средновековна музика

Средновековна музика

Дали некогаш сте чуле за Адам Сен-Викторски, плодотворниот поет и композитор на латински химни и секвенци? За Папата Григур I? За Хилдегард Бигенска, германска бенедиктинска игуменија, писателка, композиторка, филозоф, христијански мистик и визионер? За Ноткер, бенедиктинскиот монах од Опатијата Сент Гален во Швајцарија, денес познат како еден од најпознатите музичари, писатели и поети од неговото време? За Хукбалд или … Continue reading »
Универзалниот јазик на приспивните песни

Универзалниот јазик на приспивните песни

Приспивните песни (анг. lullabies) се нежни, смирувачки песни кои најчесто им се пеат на децата пред да заспијат, со цел да се потпомогне тој процес. Како резултат на тоа, песните обично се едноставни и репетитивни. Англискиот збор lullabies води потекло од зборовите lull и bye, што во буквален превод би значело „(привремено) затишје за чао“. … Continue reading »
Ситар

Ситар

Ситарот е трзачки жичен инструмент, кој припаѓа на фамилијата музички инструменти познати под името лејта. Станува збор за традиционален музички инструмент од северна Индија, кој го произведува звукот со тргање на жиците, импулс кој предизвикува нивно вибрирање. Бил развиен од иранската долговратна лејта, а името води потекло од персискиот збор setar, што во буквален превод … Continue reading »
Диџириду

Диџириду

Диџириду е дувачки инструмент кој потекнува од северните области на Австралија. Домородните народи од овие краишта, во прв ред Абориџините, го создале инструментот пред околу 1500 години. Понекогаш луѓето го опишуваат како „дрвена труба“, или „зуечка шупелка“. Не постојат сигурни докази кои би посведочиле за староста на инструментот. Според археолошките студии за карпестата уметност во … Continue reading »
Опера

Опера

Опера е музичко сценско дело, музичка драма, каде глумци го прикажуваат дејствието на драмската приказна пеејќи го текстот, пратени од оркестар. Се смета за еден од најкомплексните облици на уметност. Претставува извонредна фузија на пеење, глума, оркестрална музика, костими, сценарио (либрето), ликовен сценски израз, а често и балет како форма на танцување. Зборот опера е … Continue reading »
Концерт: U2, во живо на Црвените Карпи

Концерт: U2, во живо на Црвените Карпи

Оригинален насов: U2 Live at Red Rocks: Under a Blood Red Sky (1983) Жанр: рок, пост-панк Изведувач: U2 (Ју-ту) U2 (Ју-ту) е името на популарната ирска рок група, формирана во Даблин во 1976 година. Членови на групата се Боно (вокал и гитара), Еџ (гитара, клавир, бас и вокал), Адам Клејтон (бас) и Лари Мален (тапани). … Continue reading »
Музиката како алтернативна медицина

Музиката како алтернативна медицина

Исцелителната моќ на музиката се користела векови наназад. Во старогрчката митологија, богот Аполон, предводник на музите, бил заштитник на земјата, пролетта, ловот, младината, поезијата, пророчките моќи, танцот, музиката, морето, светлоста и сонцето, но и на лекувањето. Неговиот син Асклепиј, богот на медицината и заздравувањето, ја наследил и научил од татка си вештината на лекувањето. Се … Continue reading »
Госпел музика

Госпел музика

Создавањето, изведбата, значењето, па дури и дефинирањето на госпел музиката, може значително да варира, зависно од културниот и социјалниот контекст. Госпел музиката била создавана и изведувана за различни цели, вклучувајќи ги овде естетските, религиозните, церемонијалните, но и забавните цели. Зборот госпел потекнува од англискиот јазик и во буквален превод значи “евангелие”. Терминот првенствено се однесува … Continue reading »
Африкански танци

Африкански танци

Знаете ли дека во Африка постојат воени танци, танци на љубовта, танци во чест на раѓањето и умирањето, танци за посакување добредојде, танци за повикување и поседување, танци за лекување и уште многу, многу други? Традиционалните африкански танци најчесто не се појавуваат изолирано, туку како дел од пошироките културни активности. Африканските танци завземаат централно место … Continue reading »