Множење со бројот 9

Множење со бројот 9

Не можете да се сетите на таблицата за множење со бројот 9? Нема потреба од калкулатор. Сé што ви треба, се прстите на вашите раце. Да ги рашириме прстите на двете дланки, да ги свртиме кон себе и да го спуштиме прстот кој, броејќи од лево кон десно, ја означува цифрата со која го множиме … Continue reading »
Архимедовиот закон

Архимедовиот закон

Архимед бил математичар, физичар и пронаоѓач кој живеел во античката грчка колонија Сиракуза, на островот Сицилија, во периодот од 287 до 212 година п.н.е. Тогашниот крал на Сиракуза, Хијерон, еден ден побарал од Архимед да му каже дали во златната кралска круна има и сребро. Архимед долго време го мачел овој проблем. Едно попладне, влегувајќи … Continue reading »
Фрактали

Фрактали

Можете ли да објасните со еден збор каква форма има брокулата? Или еленските рогови? Да, постои збор кој ги опфаќа ваквите форми. Тоа е зборот фрактал. Фракталот е геометриска форма која може да се расчлени на помали делови, така да секој од тие делови претставува, барем приближно, “намалена копија на целината”. Дополнително, може да се … Continue reading »
Дали има математика зад музиката?

Дали има математика зад музиката?

Моцарт ставал равенства за еднаквост на краевите на своите композиции. Ајнштајн обожавал да свири на виолина. Големите џез музичари од XX век, учеле за ритам и темпо – основните методи на мерење на времето во музиката. Сега суптилно се наметнуваат неколку прашања. Колку е длабока поврзаноста меѓу математиката и музиката? Ја има ли воопшто? И конечно, … Continue reading »
Јапонско множење

Јапонско множење

Се чини дека Јапонците не ги користат цртичките и точките само за азбуката. Тие се дел и од јапонската математика. Можеби за да ја научиме јапонската азбука би ни било потребно многу време, но за да го научиме начинот на кој Јапонците множат, потребни ни се само две ипол минути. Погледнете како Јапонците множат.   … Continue reading »
Множење со броевите 6, 7, 8, 9 и 10

Множење со броевите 6, 7, 8, 9 и 10

Сите знаат како се собира со помош на прстите на рацете. Но, може ли прстите да ни бидат од помош и при множењето? Одговорот е потврден. Но, на овој начин може да се помножат само броевите од  6 до 10. Така што множењето од 1 до 5 сепак ќе мора да го научите напамет. За … Continue reading »
Рубикова коцка

Рубикова коцка

Рубиковата коцка е трoдимензионална механичка загатка. Оваа 3D сложувалка е инвеција на унгарскиот скулптор и професор по архитектура Ерно Рубик, од 1974 година. Оригиналното име на сложувалката било „Магична коцка“, а пронаоѓачот за својата коцка добил унгарски патент HU170062, но не побарал да биде и меѓународно патентирана. Првата Рубикова коцка е изработена во 1977 година, … Continue reading »
Факториел

Факториел

n n! 0 1 1 1 2 2 3 6 4 24 5 120 6 720 7 5040 8 40320 9 362880 10 3628800 15 1307674368000 20 2432902008176640000 25 15511210043330985984000000 50 3,04140932… · 1064 70 1,19785717… · 10100 450 1,73336873… · 101 000 3249 6,41233768… · 1010 000 25206 1,205703438… · 10100 000 Ви значат ли … Continue reading »
Теорија на хаосот

Теорија на хаосот

Хаосот е детерминирано поведение, непредвидливо за подолг период. Теоријата на хаосот го опишува однесувањето на некои нелинеарни динамички состави во математиката и физиката, кои под одредени услови непредвидливо се однесуваат. Историјата на човештвото е полна со настани во кои луѓето настојувале да ја контролираат околината. Контролата е потребна за да можат луѓето да ги задоволат своите … Continue reading »
Систем на единици

Систем на единици

Франција била првата земја која го прифатила метричкиот систем во 1789 година. Кралот Луј XVI, го одобрил системот еден ден пред обидот за бегство од револуција. Дали знаете дека Кина била првата земја во која се појавил децималниот систем? Постојат голем број мерни системи, а најпознати се меѓународниот систем на единици и англо-американскиот. Со помош … Continue reading »