Збор-два за сатурновите прстени

Збор-два за сатурновите прстени

Галилео Галилеј, првиот човек кој го истражувал небото со телескоп, во 1610-тата година забележал нешто необично околу Сатурн, нешто што изгледало како да излегува од неговата површина. Четириесет и пет години подоцна, научникот по име Кристијан Хајгенс, го изучувал Сатурн со подобар телескоп и видел нешто толку чудно, што верувал дека не смее никому ништо … Continue reading »
Космички зраци

Космички зраци

Пред околу стотина години, научниците приметиле една чудна појава. Забележале дека определено количество воздух во затворен сад покажува извесна електрична проводливост. Дури и ако го обвиткале садот со дебела заштитна обвивка, ништо не се менувало. Тоа значело дека во садот влегува некаков вид на зрачење, посилно од било кое до тогаш познато. Бројни експерименти биле … Continue reading »
Колкава е вселената?

Колкава е вселената?

Човековиот ум не би можел да си ја претстави правата, вистинската слика за вселената. Не само што не знаеме со сигурност колкав е космосот, се чини невозможно и да ја замислиме неговата големина. Ако започнеме од нашата планета и малку се оддалечиме, веднаш ќе наслутиме зошто е тоа така. Земјата е дел од Сончевиот систем, … Continue reading »
Јупитер

Јупитер

Јупитер е петтата планета од Сончевиот Систем и убедливо најголемата. Тој е повеќе од двојно помасивен од сите други планети заедно. 318 пати помасивен од Земјата, со дијаметар 11 пати поголем од земјиниот и волумен 1300 пати поголем од земјиниот. Орбитира на 777.330.000 km од Сонцето, а дијаметарот на екваторот му е 142.984 km. Покрај … Continue reading »
Приказната на Лајка

Приказната на Лајка

Лајка (рус. Лайка) беше првото од советските кучиња пратени во вселената, првиот жив цицач пратен во земјината орбита и првата орбитална жртва. Во времето кога била покрената мисијата за испраќање на Лајка во вселената, многу малку било познато за влијанието и последиците од вселенските летови врз живите суштества. Некои научници верувале дека луѓето не би … Continue reading »
Марс

Марс

На 27ми август 2003 година, Марс беше на растојание од 55,76 милиони километри од Земјата, најблиску што бил во претходните 59169 години и што ќе биде во следните 284 (следната поблиска средба со Марс ќе биде во 2287 година). Причината за тоа беше временското совпаѓање на две карактеристични точки од неговата орбита. Имено, на овој … Continue reading »
Венера

Венера

Знаете ли дека денот на Венера трае подолго од годината? Знаете ли дека најголемиот дел од нејзините географски формации носат имиња на мистични жени од историјата? Венера била божица на љубовта во римската митологија. Ако се суди по големината, Венера слободно може да се нарече сестра на Земјата. Ниту едно друго тело во Сончевиот систем … Continue reading »
Колку ѕвезди може да се видат навечер?

Колку ѕвезди може да се видат навечер?

Кога во ведра ноќ го набљудуваме небото посипано со ѕвезди, ни се чини како да ги има безброј. Па сепак, без телескоп видливи се само околу 6 000 ѕвезди. Тоа не значи дека човек гледајќи во небото може да ги изброи сите шест илјади. Една четвртина од овој број се невидливи за нашето око, од … Continue reading »
Роботски мисии на Марс

Роботски мисии на Марс

Знаете ли дека првиот роботски ровер слетал на Марс на 4-ти јули 1997? Марсовски ровер е автоматско моторно возило кое, по своето пристигнување, се движи по површината на планетата Марс. Роверите имаат неколку предности во однос на стационарните летала: истражуваат поголем дел од територијата, можат да бидат насочени кон откривање на интересни карактеристики, можат да … Continue reading »
Космологија

Космологија

Дали знаете дека космологијата има допирни точки со физиката, филозофијата, па дури и со теологијата? Таа се труди да објасни зошто универзумот е онаков каков што е. Митовите за содавањето кај старите народи се пример за античка космологија. Денешната космологија е цврсто основана на сите познати закони на физиката. Космологијата е гранка на астрономијата која … Continue reading »