Збор-два за сатурновите прстени

Галилео Галилеј, првиот човек кој го истражувал небото со телескоп, во 1610-тата година забележал нешто необично околу Сатурн, нешто што изгледало како да излегува од неговата површина.

Четириесет и пет години подоцна, научникот по име Кристијан Хајгенс, го изучувал Сатурн со подобар телескоп и видел нешто толку чудно, што верувал дека не смее никому ништо да каже за тоа. Забелешките за своето откритие ги шифрирал и кога подоцна биле пронајдени, во нив стоело следното:

Тој (се мисли на Сатурн) опкружен е со тенок сплоснат прстен, кој никаде не го допира, а кој е навален кон еклипсата.

Сатурновите прстени кои толку многу го вчудоневидоа човекот кој прв ги откри и натаму остануваат голема тајна на нашиот Сончев систем. Всушност, колку што е познато до денес, такви прстени не постојат на ниту едно друго место во космосот.

На Сатурн му се потребни 29 и пол години за да го обиколи Сонцето
Втора планета е по големина, по Јупитер
Има 10 сателити кои кружат околу неговата површина

Сатурн е опкружен со атмосфера низ која не можеме да навлеземе, но знаеме дека не претставува цврста материја. Се смета дека е можно во неговото јадро да постои цврста метална маса.

the_saturn_planets_wesite-10

Денес е познато дека Сатурн има повеќе мистериозни прстени. Сите се наоѓаат во иста рамнина (како кругови на рамна чинија) и лежат во рамнината на сатурновиот екватор. Ширината на овие прстени изнесува околу 250 000 километри.

Вториот прстен е најсјаен – одвоен од надворешниот прстен со темен простор. Внатрешниот прстен е многу магловит. Колку што е познато, прстените не се составени од компактна, цврста или течна материја. Тие се составени од мали, одвоени делови на материјата, но набљудувани од површината на Земјата, изгледаат како да се споени. Поради нивниот наклон, прво ја забележуваме северната, а потоа јужната страна. Но, делови од приказната за прстените и натаму остануваат мистерија.

Се претпоставува дека Сатурновите прстени нема да траат вечно. Можеби ќе бидат потребни милиони години, но гравитацијата на Сатурн ќе ги повлече прстените кон себе, така што овие восхитувачки форми потполно ќе исчезнат од Соларниот Систем.

Доколку планирате посета на Сатурн и возење по неговите магични прстени, побрзајте.

 

Сатурнови Прстени
Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.