Вовед во келтската астрономија

Истражувањата на пренесуваните знаења од областа на математиката и астрономијата се меѓу најбитните средства за формирање и постигнување културни нивоа од древните цивилизации.

Во келтската култура постоела тенденција кон концетрирање на знаењето во рамки на една ограничена класа – Друидите. Тие усно пренесувале голем број мнемонични правила на своите ученици, во текот на нивната долгогодишната обука. Келтското општество, во споредба со други древни цивилизации, се карактеризира со голем број лица посветени на учењето на таканаречената „природна филозофија“.   

Не постојат пишани или научни расправи, освен календарските табели, главно за ритуални цели, составени во периодот на романизација на келтскиот народ. Фрагменти од овие табели биле пронајдени во периодот на изминатиот век. Најдобриот пример, бил пронајден во Колигни, Аин (Фрација), во 1897 година.

border4

Астрономските познавања кодирани во календарот од Колигни се чинат за мошне софистицирани и ограничени на очигледните месечеви и сончеви движења на небесната сфера. Постоењето на ваквиот календар, поттикнува голем број интересни прашања за астрономски и математички познавањата на Друидите,како и за шпекулациите за познавањата на космогонијата кои произлегуваат од потребата да се пронајдат модели кои би ги објасниле движењата на Сонцето, Месечината, на видливите планети и ѕвездите.

Другот збир на прашања за астрономските познавњата, потекнуваат од потребата за изразување мерки поврзани со позицијата на набљудуваните небесни тела, со цел да се соберат основните податоци потребни за пресметување на календарите.

Астрономијата и календарската пракса, биле посебно резервирани за привилигирани, религиозни и општествени класи (веќе споменатите Друиди), кои раководеле со културата и знаењето за природната филозофија, па затоа способноста за вршење предвидувања за појавата на периодични астрономски феномени, како еклипсите, го потврдувале и зацврстувале верувањето во магиската моќ на нивните членови.   

Интересна е и хипотезата за наследството на астрономските познавања на Келтите од древните култури кои граделе разни мегалитски споменици, сеуште присутни во Ирска, Велс, Англија и во други земји во северна Европа. Астрономските познавања на Келтите не биле ограничени во доменот на календарските практики (вклучувајќи го месечевото и сончево движење), туку го опфаќале и доменот на ѕвездената астрономија.    

Тоа било веројатно ограничено согласно податоците добиени од набљудувањата со голо око и следење на случувањата на тогаш-видливото небо. Познавањата за точните физички механизми кои владеат со астрономските феномени, биле веројатно непознати за Друидите, а тоа укажува на нивната посебна методологија за обработка на информации добиени од континуирани набљудувања, наречена-рекурзивно учење врз основ на случајна проценка.   

Друидите биле способни да ги предвидат еклипсите, како и плимата и осеката, како природни последици од познавањето на месечевите движења. Ѕвездената астрономија владеела со сезоните и со периодите на религиските келтски фестивали.

Зошто ја набљудувале Месечината?

Месечината, по Сонцето, е најлесно забележливо небесно тело и голем број древни култури го организирале својот oпштествен живот во временска рамка регулирана според нејзините движења и фази.

Најпрво, времетраењето на еден лунарен месец (29.5 сончеви денови) претставувал корисна средна временска единица меѓу денот и годината. Потребното време за премин од една фаза до друга, е четвртина од лунерниот месец, околу седум сончеви денови, што сугерира друга единица за временска пресметка: седмицата.

Набљудувањата на Месечината, во прилог на календарска, земјоделска и општествена употреба, овозможува откритие на некои корелации помеѓу нејзиниот циклус и бројни природни феномени. Друидите, очигледно не биле во можност да дадат разумно, физичко објаснување на овие феномени, но најверојатно биле во можност да ги користат. Се ограничувале самите преку учење и постојано набљудување на постоечката корелација меѓу месечевите циклуси и природните феномени, сметајќи ги за правила според кои се однесувале во практични ситуации.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.