Супернова

Ѕвездите, заедно со нашето Сонце, го исполнуваат универзумот. Обвивката на ѕвездите постојано го претвора водорот, нејзиното гориво, во елементот хелиум. Овој процес, наречен нуклеарна фузија, овозможува ѕвездите да светат во нивниот сјај.

По милиони години горење и светење, ѕвездата го троши своето водородно гориво. Штом престане нуклеарната фузија, гравитацијата ја повлекува ѕвездата кон внатрешноста.

Ѕвездата полека умира и нејзиниот внатрешна обвивка удира во јадрото и создава огромен шок. Ѕвездата екслподира и се раѓа супернова.

Суперновата може да биде милиони пати посветла од нашето Сонце. Експлозијата на суперновата, ослободува огромен број ситни честички во универзумот, наречени атоми. Овие атоми формираат голем облак од прашина, кој се нарекува небула.

Голем број од овие атоми биле создадени во внатрешноста на ѕвездата и ослободени во универзумот во моменотот кога таа станала супернова. Голем број научници веруваат дека јаглеродот, кислородот, азотот и железото на Земјата, потекнуваат од супернова.

Првите ѕвезди станале супернови пред 14 билиони години, а тоа е навистина пред многу многу одамна.

Кога суперновата завршува, ѕвездата може да се претвори во „бело џуџе“, во неутронска ѕвезда или пак во црна дупка. Помалите ѕвезди се претвораат во бели џуџиња. Бело џуџе е астрономско тело кое настанува кога завршува животот на мала ѕвезда, која нема доволно сила да произведе температура потребна за одржување на процесот на нуклеарна фузија.

Поголемите ѕвезди, кои по димензија се можеби пет пати помасивни од нашето сонце, се претвораат во неутронски ѕвезди или црни дупки.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.