Што е астрономија?

Дали некогаш сте чуле за Никола Коперник? За Галилео Галилеј? Знаете ли кој е Едмунд Халеј? Тие се само дел од низата светски познати астрономи низ историјата. Благодарение на нивните доследни астрономски откритија и набљудувања, биле откриени небесните тела, нивните позиции и движења.

Астрономијата е наука која се занимава со проучување на природата и движењата на небесните тела: планети, сателити, комети, астероиди, ѕвезди и галаксии.

Во 1608 година, бил откриен првиот телескоп, веројатно за воени потреби, кој го пронашол данскиот научник Ханс Липерши. Првите телескопи имале матна слика, рабови во боја и доловувале мал дел од небото. Со текот на времето, со усовршувања биле создадени многу подобри инструменти.

Со телескопите за набљудување на видливата светлина, можат да се проучуваат само некои бранови должини кои доаѓаат од вселената. Телескопите кои фаќаат други бранови должини од електромагнетниот спектар, им овозможуваат на астрономите да создадат поцелосна слика на вселената.

Во 1990 година, Хабловиот вселенкси телескоп бил лансиран во орбитата. Во 2001 година, бил завршен и сместен на Андите во Чиле најголемиот телескоп во светот VLA (Very Large Array) – мрежа на оддалечени телескопи.

Во 1976 година, бил развиен астрономскиот систем на мерки. Астрономски мерки се: светлосната година, паралакса и црвеното поместување.

Светлосната година е растојанието кое светлината го поминува за една година. Со оваа единица се мерат големите растојанија, а изнесува 9461 милијарди километри.

Доколку ја набљудуваме ѕвездата од двата краја на патеката од Земјата, ќе забележиме дека таа ја сменила својата положба во однос на најоддалечените ѕвезди. Таа промена на аголот ја нарекуваме паралакса и со нејзина помош можеме да ја измериме оддалеченоста на ѕвездата.

Брзината со која ѕвездата се доближува, или оддалечува од нас можеме да ја одредиме со анализа на нејзината светлина. Доколку таа се оддалечува, брановите од нејзиното зрачење се развлекуваат и брановите должини се поместуваат кон црвениот дел на спектарот, односно кон подрачјето на поголеми бранови должини.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.