Соларна Бура

На што прво помислува кога ќе го чуето зборот „бура“? Можеби пред очи си замислувате како големи темни облаци се придвижуваат и ослободуваат молскавици. Можеби започнувате да слушате громови.

Но, што ќе речете за соларните бури? Би поверувале ли дека Земјата во некои периоди доживува соларни бури, кои ниту сме ги видиле или чуле?

Соларна бура е израз кој се користи за опишување на атмосферски ефекти на Земјата, предизвикани од разни настани кои се појавуваат на Сонцето. Сонцето е огромна топка од растопени гасови кои постојано истекуваат и се топат.

Соларни или сончеви бури се појавуваат кога сонцето испушта големи експлозии на енергија, во форма на сончеви блесоци и масовни исфрлања на лава. Овој феномен испраќа бранови на електрични полнења и магнетни полња кон Земјата, со брзина од 4828032 километри на час.

Кога сончевите бури се судруваат со Земјата, произведуват восхитувачки „поларни светлини“, кои можеме да ги забележиме во арктичките предели. Соларните бури можат да им попречат на сателитите и на разните форми на електронска комуникација.

Соларните бури започнуваат со голема експлозија на Сонцето. Овии експлозии, наречени сончеви блескоти, можат да имаат моќ колку милиони нуклеарни бомби!

Сончевите блескоти, вообичаено ослободуваат струи од наелектризирана плазма који патуваат со неверојатна брзина. Овие струи се нарекуваат исфрлувања на коронална маса.

Во феруари, 2011 година, моќните соларни исфрлувања на коронална маса, направиле прекин на радио брановите низ цела Кина. Некои експерти сметаат дека големи соларни бури, можат да направат дваесет пати поголема економска штета од најстрашниот ураган.

Научниците кои ги проучуваат соларните бури откриле дека фреквенцијата на соларните белскоти се појавува на секои 11 години. Но, понекогаш може да имаме соларни бури и по неколку пати во денот или пак тие да бидат многу ретки.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.