Соѕвездија

Соѕвездија се групи ѕвезди поврзани со замислени линии, кои создаваат имагинарни ликови на небесниот свод. Соѕвездијата биле откривани и пред 6000 години, во периодот кога луѓето започнувале да се занимаваат со земјодество.

За што ли служат соѕвездијата? Во идеални услови е возможно да забележиме од 1000 до 1500 ѕвезди, без никакви оптички помагала. Без поделба на небото во мали делови, би било мошне тешко да ги разликуваме ѕвездите. Соѕвездијата се појавиле како олеснување при толкувањето на распоредот на небесните тела. Помнењето на форми е многу полесно, одошто помнењето на точните позиции на ѕвездите. Поради ротацијата на Земјата, ѕвездите ја менуваат својата положба на небото и се видливи само во одреден период во годината.

Зошто земјоделците биле заинтересирани за ѕвездите? Од самите почетоци на земјоделството, луѓето дошле до сознание дека некои култури, подобри успеваат доколу се насадат во одреден период од годината. Забележале и дека изледот на вечерното небо, се менува низ годината. Од тие причини им било важно да научат да ги препознаваат ѕвездите, како би можеле прецизно да го одредат времето на селидбите и жетвите.

Секоја цивилизација имала свои имиња и свои ликови на небото. Некои значајни фигури, предивикувале слични асоцијации кај различни народи. Со пронајдокот на телескопот, се појавила потребата соѕвездијата да означуваат делови на небото, а не само ликови, за да би се избегнале недоразбирања во врска со местоположбите на помалку светлите небесни тела. Во 1922 година, Меѓународната Астрономска Унија, донела одлука според која небото било поделено на 88 области, а границите меѓу соѕвездијата биле повлечени со координатни линии.

Во текот на ноќта, ѕвездите се појавуваат на источниот дел од небото и заоѓаат на западниот, како последица на Земјината ротација. Доколку се наоѓаме на северниот или јужниот пол, постојано ќе ги гледаме истите ѕвезди, кои паралелно со хоризонтот, ротираат околу замислена точка, ведаш над нас. Ниту една ѕвезда не изгрева, ниту пак заоѓа.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.