Синото небо

Сончевата светлина која секојдневно ја гледаме е наречена „бела светлина” и ни се чини безбојна, но таа е всушност полна со бои. Токму тоа е и причината за појавата на виножитото – блеснувањето на белата светлина низ призмата на небото.

Призмата ја дели белата светлина во секоја од своите бои: црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, индиго и виолетова.

Секоја од овие бои е составена од свои уникатни бранови должини. Црвената боја има најдолга бранова должина, додека пак виолетовата најкратка. Сите други бои се некаде во средината.

Кога ќе погледнеме еден предмет, како на пример, жолт сончоглед или црвен вагон, бојата што ја гледаме е всушност бојата на светлината на предметот, која се одразува во нашите очи. Жолтиот сончоглед одразува, или рефлектира, жолти бранови должини. Црвениот вагон, одразува црвени бранови должини.

Сигурно се прашувате, како е можно воздухот на небото да има боја? Земјината атмосфера е исполнета со молекули од различни гасови. Кога белата светлина од сонцето поминува низ атмосферата, боите со подолгите бранови должини, како на пример црвената, портокаловата и жолтата, поминуваат низ небото.

Додека пак, сините и виолетовите бранови должини, се апсорбираат од гасовитите молекули и се расфрлаат низ небото. Поради тоа човечкото око ги гледа овие рефлектирани бранови должини како сини.

Најверојатно многу пати сте го виделе небото со различни неверојатни нијанси на портокалова и црвена боја за време на изгрејсонцето или зајдисонцето. Кога сонцето се наоѓа ниско во близина на хоризонтот, брановите должини се протегаат многу далеку со цел да стигнат до нашите очи. Ова е предизвикано од пократките сини бранови должини кои ги гледаме во текот на денот, кои им го отвараат патот на брановите должини како црвената и портокаловата, за да стигнат до нас.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.