Сателити

Без сателитите, нашиот живот би изгледал многу поразлично. Некои од нас не би можеле да гледаат телевизија. Некои од нас би можеле да се доведат во опасност од лоши временски услови за кои не биле информирани дека би ги зафатиле.

Сателит е секое тело во вселената кое ротира во орбитата околу друго тело. Месечината е природен сателит кој кружи околу планетата Земја.

Вештачките сателити се машини кои луѓето ги лансираат во орбита околу Земјата. Вештачки сателити би можеле да се лансираат и да ротираат во орбити околу други планети, како вселенскиот телескоп „Хабл“.

Советскиот Сојуз го лансирал првиот вештачки сателит, наречен Спутник 1, на 4-ти октомври, 1957 година. Четири месеци подоцна, САД го лансирале својот прв вештачки сателит – Експлорер 1. Оттогаш до денес, преку 2500 сателити се лансирани во вселената.

Зошто ни се потребни толку многу сателити во вселената? Вештачките сателити се користат за најразлични цели. Сателитите како вселенскиот телескот „Хабл“, Меѓународната Вселенска Станица и Руската Вселенска Станица – „Мир“, помагаат при истражување на вселената и нејзините нови патишта.

Комуникациските сателити ни помагаат при комуникацијата со целиот свет. Метеоролошките сателити се користат за надгледување на временските и климатски услови на Земјата. Сателитското радио и телевизија, ни ги спроведуваат нашите омилени песни и телевизиски емисии на Земјата.

Постои група од 27 сателити, кои го формираат Глобалниот Систем за Позиционирање или ГПС (GPS). ГПС приемникот, ја пресметува неговата местоположба, брзина, правец и време, користејќи сигнали од овие сателити. Без овие сателити, не би можеле да го користиме ГПС приемникот додека патуваме.

Без разлика што вселената има бесконечни димензии и големиот број сателити, тие не би можеле да се судрат еден со друг. Сепак, се лансираат во свои орбити, на различни растојанија од Земјата. Некои се во близина од 240 километри, а други на оддалеченост од 32 186 километри и повеќе. Повеќето сателити орбитираат на оддалеченост од 804 километри од Земјата. Овие сателити треба да патуваат со брзина од 27358,00 километри на час, за да избегнат можно вовлекување назад во атмосферата на Земјата. Но, порано или подоцна силите на гравитацијата ќе ги повлечат овие тела кон Земјата.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.