Роботски мисии на Марс

Знаете ли дека првиот роботски ровер слетал на Марс на 4-ти јули 1997?

Марсовски ровер е автоматско моторно возило кое, по своето пристигнување, се движи по површината на планетата Марс.

Роверите имаат неколку предности во однос на стационарните летала: истражуваат поголем дел од територијата, можат да бидат насочени кон откривање на интересни карактеристики, можат да се стационираат на сончеви позиции за да ја пребродат зимската сезона, а можат и да го развиваат знаењето за изведување на напредна контрола над роботско возило.

Четири успешно управувани роботски ровери ја имаат досега посетено планетата Марс:

  • роверот Sojourner (Престојувачот), роботски ровер кој слетал на Марс на 4-ти јули 1997 година и го истражувал во период од 3 месеци;
  • роверот Spirit (Дух), роботски ровер кој успешно слетал на Марс на 4-ти јануари 2004 година;
  • роверот Opportunity (Можност), роботски ровер кој слетал на Марс на 25-ти јануари 2004 година;
  • роверот Curiosity (Љубопитност), роботски ровер кој слетал на Марс на 6-ти август 2012 година.

Spirit

Марсовскиот ровер Spirit е роботски ровер на Национална администрација за аеронаутика и вселена, НАСА, кој бил активен на планетата Марс во периодот од 2004 година до 2010. Неговото успешно слетување било на 4ти јануари 2004 година, односно три седмици пред слетувањето на роверот Opportunity на другата страна на планетата. Името за овој ровер било избрано преку натпреварот на студентски есеи, спонзорирани од НАСА.

Откако роверот ја комплетирал својата мисија долга 90 дена, неговите батерии се дополниле со енергија преку соларните плочи и тој продолжил со понатамошно истражување. Спирит работел дваесет пати повеќе од предвиденото, поминувајќи должина од 7730 метри, за разлика од планираните 600 метри. На тој начин, им овозможил на научниците исцрпни геолошки анализи за марсовските карпи и површинскиот облик на планетата.

Во април 2009 година, роверот се заглавил во песочен предел и останал без никакви шанси за извлекување. Последната комуникација со Spirit била остварена на 22 март 2010 година, а потоа започнал неговиот хибернациски начин на работа поради малото количество на расположлива енергија. Врската со роверот била официјално прекината на 24ти мај 2011 година.

Opportunity

Opportunity e исто така роботски ровер на НАСА испратен на планетата Марс. Тој бил лансиран во 2003 година на рамницата Меридијани Планум и слетал на 25 јануари 2004 година.

Роверот досега има поминато 35.460 километри, иако било предвидено да помине само 600 метри. Тој поминал речиси 600 пати подолг пат отколку што сите се надеваа и се уште е во добра кондиција. Роверот Opportunity e заслужен за откритието на марсовскиот метеорит во рамницата Меридијани Планум и за изучувањето на кратерот Викторија. Во 2007 година роверот преживеал песочна бура, а во 2011 успеал да стаса до кратерот Endevour (Стремеж). По мирувањата за време на марсовските зими, роверот го продолжувал своето истражување. На 17 мај 2013 година, според податоците од истражувањата на роверот, НАСА објавила дека прелиминарната анализа на една од марсовските карпи, сугерирала дека е можно водата во минатото да имала неутрална pH вредност. Овој податок бил потврден во понатамошните студии, поддржувајќи ја идејата дека древниот Марс бил свет богат со вода и услови за живот.

Curiosity

Curiosity е роботски ровер со големина на еден просечен автомобил кој го истражува кратерот Гејл на планетата Марс. Тој бил лансиран на 26ти ноември 2011 година и успешно слетал на рамнината Аеолис Палус на кратерот Гејл, на 6ти август 2012 година. Целите на роверот се: истражување на климата и геологијата на Марс; проценки за тоа дали селектираната област кај кратерот Гејл некогаш нудела услови на животна средина поволна за микробиолошки живот; истражувања за водата на планетата; планетарни изучувања и истражувања за населување на планетата.

Curiosity претставува голема подвижна лабораторија наменета за истражување на планетата, која е трипати поголема од досегашните. Има значително поголем капацитет и автономија, а извор на енергија му е мал нуклеарен генератор, поради што не би требало да настанат проблеми кои се зависни од сончевата енергија, со која ги напојуваат своите акумулатори.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.