Полна месечина

Уште од старите хорор филмови сме забележале дека врколаците се појавуваат на полна месечина. Но, врколаците не се единствените.

Низ историјата, различните фази на месечината (посебно на полната месечина) биле поврзувани со различни начини на однесување. Некои полицајци веруваат дека за време на полна маесечина се извршуваат голми криминални дела!

Други пак веруваат дека за време на полна месечина се случуваат многу несреќи и природни непогоди.

Дали овие верувања се вистинити? Дали на полна месечина се случуваат чудни работи? Не постојат докази дека одредено чудно однесување се должи на појавувањето на полната месечина. Многу истражувања се обиделе да ги докажат нејзините влијанија.

Но, штом не постои научен доказ дека полната месечина предизикува чудно однесување, тогаш зошто многу луѓе веруваат во тоа? Телевизијата е еден од факторите кои пренесуваат за таквото однесување.

Едно е сигурно – гравитационата сила на месечината, влијае на промената на нивото на морето на Земјата, преку појавата на плима и осека.

Многумина, овие научни вистини ги претвориле и во фантазии, сметајќи дека штом месечината е доволно моќна да ги бранува водите, тогаш сигурно може да влијае и на човековото однесување.

Видео: Moonwalk - Mikey Schaefer, проект:  National Geographic, „The Man Who Can Fly“
Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.