Плутон повеќе не е планета?

Плутон повеќе не е планета? Но, зошто? Со што ли заслужил да го изгуби статусот на најмалечка планета во нашиот сончев систем?

Плутон бил откриен во 1930 година, од американскиот астронаут Клајд Томбо. Од тој момент, па се до 2006 година, Плутон бил веднаш зад Нептун, како деветта планета во нашиот сончев систем.

Но, во 2006 година биле направени неколку промени. На конгресот на Меѓународната Астрономска Унија, одржан на 24-ти август, 2006 година, за прв пат бил дефиниран терминот планета. Според таа дефиниција, Плутон не претставувал планета и започнал официјално да се вбројува во групата на планети – џуџиња.

Според новите правила, планетите како небесни тела, мора да ги поседуваат следните карактеристики и критериуми, за да можат да се квалификуваат како планети:

1. Планетата мора да има приближно кружна форма.

2. Планетата мора да кружи во орбита околу сонцето.

3. Планетата мора да има го има расчистено просторот во орбита од други небесни тела – како што планетата патува, нејзината грацитација го чисти просторот околу неа од други небесни тела. Но, сепак, некои од телата можат да се судрат со планетата, а други да станат нејзини месечини.

Плутон е следбеник на првите две правила: тој има кружна форма и е во орбита околу сонцето. Но, не го следи третото правило. Сеуште не го чисти просторот на својата орбита во универзумот. Од таа причина не е повеќе сметан за планета.

Нека не ви биде жал за Плутон. Тој има ново карактеристично име – „планета – џуџе“. Џуџестите планети се небесни тела кои ги следат само првите две критериуми според новата дефиниција за планета.

Плутон не е сам. Тој е во друштво на уште четири џуџести планите кои се досега откриени: Церес, Ерис, Макемаке и Хумеа. Во иднина, научниците очекуваат да откријат повеќе џуџести планети. Четири од овие планети – Плутон, Макемаке Хумеа и Ерис – се лоцирани во непостредна близина на Нептун. Петтата планета – џуџе, е позиционирана во астероиден појас меѓу Марс и Јупитер.

Интересни факти за Плутон:

1. Во римската митологија, Плутон бил бог на подземниот свет, син на Стурн и Опин, брат на Јупитер и Нептун.
2. Плутон е голем колку нашата месечина.
3. Потребни му се 248 години за да направи круг околу сонцето.
4. Потребни се пет часа, за сончевата светлина да допре до Плутон. На Земјата, сончевата светлина допира за само 8 минути.
Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.