Планети

Пред да го започнеме денешното предавање за планетите, да ве запрашам: дали сте знаеле дека мразот на сателитот Европа на планетата Јупитер, е дебел околу 100 километри? Сте знаеле ли дека планетата Марс сѐ побргу го привлекува својот сателит Фобос?

Планета е небесно тело, кое по елиптичен пат се движи околу ѕвездите. За разлика од ѕвездите, планетите немаат извор на енергија и во нивната внатрешност не се произведува нуклеарна фузија.

Сончевиот систем го започнал својот живот како облак од гас и прашина кој се движел по галаксијата Млечен Пат. Експлозија на некоја супернова, предизвикала ширење на ударните бранови низ просторот во вселената, кои го погодиле облакот и предизвикале негово згуснување под дејство на сопствената гравитациона сила.

Во наредните 100 000 години, згуснатиот облак, се претворил во диск кој се врти со огромна брзина. Тој бил наречен сончева маглица. Под притисокот на гасот и прашината кои се движеле кон центарот, маглицата станувала се потопла и погуста и започнала да се шири, развивајќи се во младо Сонце.

Честичките започнале да се згуснуваат, најпрво во мали, а потоа во огромни парчиња карпи. Во текот на милиони години, некои од нив пораснале во блокови и започнале да се судираат меѓусебно, спојувајќи се во планетите: Меркус, Венера, Земја и Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон.

На 26ти август 2006 година, на собирот на Меѓународната астрномска унија (International Astronomical Union), била усвоена нова дефиниција и категоризација на планетите во Сончевиот систем.

„Планетите се небесни тела кои: се наоѓаат во орбита околу Сонцето; имаат доволно маса за сопствена гравитација, за совладување на ригидните, внатрешни сили и за добивање на хидростатски урамнотежена форма; го ИМААТ исчистено соседството околу својата орбита и не се сателити“.

„Џуџести планети се небесни тела кои: се во орбитата на Сонцето, имаат доволно маса за сопствена гравитација, за совладување на ригидните, внатрешни сили и за добивање на хидростатски урамнотежена форма; го НЕМААТ исчистено соседството околу својата орбита и не се сателити“.

„Сите останати небесни тела, освен сателитите кои орбитирааат околу Сонцето, колективно ќе се нарекуваат – мали тела во Сончевиот систем“.

На овој собир, дошло до промена на статусот на планетата Плутон. Од тој ден Плутон припаѓа на новата класа небески тела – џуџести планети.

Денес, Сончевиот систем има осум планети, поделени во две групи:

внатрешни планети: Меркур, Венера, Земја и Марс, кои се планети со помали димензии и се состојат од камен и метал;
надворешни планети: Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун, кои се џиновски планети со измешани гасови и течноси.
На 3ти ноември 2004 година, беа откриени 133 нови планети, надвор од Сончевиот систем, познати под името егзопланети.

Часот го завршуваме со 21-минутен документарен филм за тоа како настанал Сончевиот систем.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.

Има ли нешто нејасно?