Озонска oбвивка

Доколку некогаш сте добиле изгореници од сонце, тогаш дефинитивно ја сваќате важноста на кремата за сонце. Верувате ли дека и планетата Земја има свој вид на крема за сончање? Навистина! Се нарекува „озонска обвивка”.

Стратосферата е дел од атмосферата кој се простира до височина од 80 километри. На височина меѓу 20 километри и 40 километри, се наоѓа голем слој од озон. Овој слој на стратосферата се нарекува озоносфера или озонска обвивка. Озонот е гас чии молекули се составени од три атоми на кислород. Хемискиот симбол за озон е О3.

Озонот се создава природно во стратосферата и и помага на Земјата при спречување на ултравиолетовите зраци кои доаѓаат од сонцето. Но, кога озонот се појавува поблиску до површината на Земјата, тој може да предизвика загадување на воздухот и може да го отежни дишењето на дрвјата и на останатите природни богатства.

Озонот кој се наоѓа високо во озонската обвивка е многу корисен. За жал, озонската обвивка е постојано под напад на хемикалии и отровни материи кои човекот секојдневно ги произведува преку апаратите кои ги користи во домот, преку автомобилите, отпадоците и слично. Штом се ослободат во воздухот, овие супстанции се движат многу бавно кон атмосферата. Таму се распаѓаат од ултравиолетиовите зраци на сонцето и испуштаат штетни молекули кои го уништуваат „добриот” озон. Тие исто така ја истенчуваат озонската обвивка и во некои области можат да направат и дупки. Со тоа овозможуваат повеќе ултравиолетови зраци да поминуваат кон Земјата.

Во 1887 година, Македонија и 180 други земји, усвоиле договор според кој голем број од супстанците кои му штетат на озонот, мора да се исфрлат од употреба. Денес, тие супстанци се значајно намалени. Истражувањата покажуваат дека озонската обвивка полека закрепнува. Доколку Македонија и останатите земји ширум светот, продолжат да ги елиминирааат штетните материи, тогаш научниците веруваат дека природното производство на озон ќе ја излечи озонската обвивка до 2050 година.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.