Најголемите работи кои можеме да ги забележиме

Најголемите нешта кои можеме да ги забележиме во вселената, како планетите, ѕвездите, соларниот систем и останатите галаксии, се милиони светлосни години оддалечени од нас.

Светлосна година е растојанието кое светлината ќе го помине за време од една земјина година и изнесува околу 10 трилиони километри.

Сонцето е огромна ѕвезда која секојдневно ја забележуваме, без разлика што е 149 668 992 километри оддалечена од нас. Се разбира, постојат делови од соларниот систем кои се уште подалеку од планетата Земја.

Нептун се наоѓа на 4 828 032 000 километри оддалеченост од Земјата. Нептун е четири пати поголем од Земјата во дијаметар, но сепак не можеме да го видиме со голо око бидејќи е на многу голема далечина.

Благодарение на љубопитните и иновативни умови во минатото, бил пронајден еден од најважните астрономски, оптички инструменти – телескопот, со чија помош можеме да видиме и снимиме слики на небесни тела кои се многу оддалечени од нас.

Првиот телескоп, кој најмногу наликувал на денешниот, бил конструиран од тосканскиот астроном, филозоф и физичар, Галилео Галилеј, на почетокот од XVII век. Со помош на телескопот се утврдиле планините на Месечината, времето кое му е потребно на Сонцето за да заврти околу својата оска, сателитите на Јупитер, Млечниот Пат и ред други небесни тела.

На пример, вселенскиот телескоп Хабл, целосно ја променил астрономијата. Од своето лансирање во 1990 година, овој моќен телескоп лебди во вселената и ни овозможува да набљудуваме галаксии на многу големи далечини.

Секој телескоп има за задача да ни ги доближи и да ни ги направи видливи небесните тела, односно да собере и фокусира поголемо количество на светлина од телата, раздвојувајќи ги нивните блиски точки.

Астрономите се мошне возбудени за лансирањата на идните напредни телескопи. Технолошки и научно најмоќниот телескоп на Земјата, според распоредот, треба да биде конструиран на врвот на планината Мауна – Кеа во Хаваи, 2018 година.

Тој телескоп, ќе биде наречен „Триесетметарски телескоп“.Овој рефлекторски телескоп, ќе има основно огледало, долго триесет метри во дијаметар, составено од 492 помали сегментирани огледала, во форма на шестоаголник.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.