Метеори

Знаете ли дека единствениот метеор убиец е метеорот Нахла, кој во 1911 година паднал во Египет и убил еден пес?

Метеорите се светлосни појави кои настанале со јонизација на атмосферата низ која минува метеороидот. Метеороид е честичка од меѓупланетарен материјал, од времето на создавањето на Сончевиот систем, различна по состав и по своето потекло. Димензиите на матеороидите варираат, од честички од прашина до поголеми карпести парчиња.

Сјајните метеори се нарекуваат болиди. Метеорите кои потекнуваат од исто вселенско тело, како комета или пак астероид, имаат паралелен пат и изгледаат како да се создаваат од ист дел на небото. Во овој случај, станува збор за метеорски дожд. Во текот на годината постојат повеќе од 50 метеорски дождови.

Доколку метеороидот, без да согори, го преживее преминувањето низ атмосферата и падне на површина на Земјата, се нарекува метеорит. Кружната вдлабната структура која метеоритот ќе ја направи на површината на планетата или пак на друго небесно тело, се нарекува кратер.

Триењето на метороидите во атмосферата доведува до раздразнување на атомите на метеоридот и на молекулите во атмосферата.

meteor

Типичниот метеор кој е видлив со голо око или пак со телескоп, е производ на метеорид кој е поголем од 0,01 милиметар. Сјајноста на метеорот зависи од големината и брзината на метеоридот.

Сјајните метеори можат да бидат придружени со звук. Звукот се појавува неколку минути по метеорот, како последица од неговото бавно простирање низ атмосферата, согласно со брзината на светлината. Овие звуци, можат да се појават кога метеорот се наоѓа на помалку од 60 километри оддалеченост од површината.

Кога кометата е во близина на Сонцето, мразот кој го сочинува поголемиот дел од нејзината маса, започнува да сублимира, ослободувајќи цврсти честички кои долго време биле заробени во јадрото на кометата – метеори. Овие честички имаат мала брзина во однос на брзината на ротацијата околу Сонцето и остануваат во блиските орбити на кометата. Како што спомнавме, кога Земјата се соочува со овие честички, тие се движат по речиси паралелни патеки и набљудувачот има впечаток дека поаѓаат од една точка. Оваа точка на извирање се нарекува радијант, а за метеорите кои доаѓаат од неа, се вели дека припаѓаат на метеорскиот дожд.

Метеорските дождови се обично именувани според латинските имиња на соѕвездијата во кои се наоѓа радијантот. Постојат Персеиди (според Персеј), Леониди (според Лав), или пак Дракониди (според Змеј).

Персеиди е најпознатитот метеорски дожд и еден од најбогатите дождови со метеори. Тој се појавува секоја година низ временскиот период од 17-ти до 24-ти август. Оптималниот број на метеори кој се очекува да се види во добри услови, изнесува 60 до 100 метеори на час.

Во средниот век, метеорскиот дожд Персеиди, бил познат како солзите на Св. Лаврентиј, кој бил мачен на 10-ти август, 258 година.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.

One Response to “Метеори”

  1. Дали ѕвездите паѓаат?,

    […] Метеори се оние светлосни појави кои ги нарекуваме „ѕвезди што паѓаат“. Но, тие немаат никаква поврзаност со ѕвездите, освен волшебниот сјај. Метеорот настанува со јонизација на атмосферата и се појавува на височина од 75 километри до 100 километри над површината на Земјата. Тие претставуваат мали карпести парчиња. Удирајќи во атмосферата на Земјата-горат и од нивниот блескав пламен на небото ни се причинува дека тоа е ѕвезда што паѓа. Она што ние го забележуваме е всушност светлата трага на метеорот. […]