Можеме ли да ја забележиме месечината за време на денот?

Дали некогаш сте застанале и сте се загледале во попладневното небо? Во некој момент, веројатно сте забележале дека можете да ја здогледате Месечината во текот на пладнето. Сте си помислиле ли дека тоа е малку чудно, штом Месечината може единствено да биде видена навечер?

Месечината не е ниту ѕвезда, ниту пак минијатурна верзија на Сонцето. Месечината не произведува светлина како што произведува Сонцето. Месечината ја забележуваме поради сончевата светлина која ја рефлектира во нашите очи.

Всушност, Месечината рефлектира толку многу сончева светлина поради што е прогласена за второто најсветло небесно тело по Сонцето. Иако месечината не е ниту приближно светла како сонцето, таа е 100 000 пати посветла од нашата најсветла ѕвезда!

Месечината е најблиску до Земјата, за разлика од било кое друго небесно тело. Според нејзината големина и близина до Земјата, таа е постојано многу лесно забележлива.

Сончевата светлина е многу силна и не овозможува помалку светлите, далечни небесни тела, да бидат забележани. Овие тела, како планетите и ѕвездите, можеме да ги забележиме единствено навечер, кога сончевата светлина не ги фрла во сенка. Но, знаеме дека се таму, иако не можеме да ги видиме бидејќи светлината на Сонцето е единственото нешто што имаме можност да го видиме.

Месечината, со својата големина и блискост до Земјата, можеме често да ја забележиме за време на денот, но како што знаеме, таа не е постојано позиционирана на едно место. За време на месечевиот циклус, таа некогаш се доближува до Сонцето, а некогаш се оддалечува. Кога Месечината влегува во својата фаза на млада месечина, таа се наоѓа поблиску до сонцето и можеме многу лесно да ја забележиме на попладневното небо, бидејќи уште повеќе ја рефлектира сончевата светлина кон Земјата.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.