Меркур

Меркур бил еден од боговите во римската митологија. Тој бил син на Јупитер. Бил гласник меѓу боговите и луѓето и најчесто бил прикажуван како момче со крилја на нозете и на капата. Кај цивилизацијата на Маите, Меркур бил претставен како утка, кој бил гласник на подземјето.

Но, Меркур не е само личност. Именуван според еден антички римски бог, Меркур е име на планетата од нашиот сончев систем, која се наоѓа најблиску до Сонцето. Меркур е и најмалата планета. Својот круг околу Сонцето го прави еднаш на секои 88 дена.

1098229_480452402051331_1575072407_nМеркур многу наликува на нашиот природен сателит – Месечината. По боја е сив, нема атмосфера што значи дека скоро секој ден има екстремни промени на високи и ниски температури. Се што можеме да забележиме на Меркур е камена површина. За само еден ден, на Меркур температурите можат да се спуштат под – 184 целзиусови степени и да се качат над 426 целзиусови степени!

Планетата Меркур е помала од планетата Земја и има помала гравитација. Доколку тежите 50 килограми, на Маркур ќе тежите само 7 килограми! Меркур содржи многу тешки метали, како што е железото. Тоа е и доста карактеристично за Меркур, бидејќи според името на оваа планета е именуван еден од хемиските елементи на Земјата: живата.

Живата – хемиски елемент, метал со хемиски симбол Hg. Hg, се однесува на Hydrargyrum, што значи течно сребро. Живата е единствениот течен метал. Дококу се замрзне може да прерасне во тврда состојба, а доколку се стопи, може да се претвори во гас. Живата и нејзините составни делови се многу отровни. Чиста жива е многу тешко да се пронајде.

Првите телескопски набљудувања на Меркур ги направил Галило Галилеј, во XVII век. Но, планетата Меркур е видлива и со голо око и можеме да ја набљудуваме дваесетина дена во текот на годината. Досега Меркур бил посетен со две летала, во 1974 година и во 2008 година.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.