Космологија

Дали знаете дека космологијата има допирни точки со физиката, филозофијата, па дури и со теологијата? Таа се труди да објасни зошто универзумот е онаков каков што е. Митовите за содавањето кај старите народи се пример за античка космологија. Денешната космологија е цврсто основана на сите познати закони на физиката.

Космологијата е гранка на астрономијата која се занимава со изучување на потеклото, развојот и својствата на универзумот во целост.

Вавилонците и старите Египјани, верувале дека животот потекнува од првобитниот океан. Според Вавилонците, Тијамат, првата жена на богот на подземниот океан Апсу, го родила богот на небото кој се викал Ану. Египјаните верувале дека првиобитниот океан бил живеалиште на првото суштество Атум, кој подоцна бил наречен бог на сонцето (Ра).

Старогрчките филозофи вовеле револуционерна идеја, дека универзумот е воден од закони кои човековиот ум може да ги разбере. Грчкиот астроном Талес од Милет, сметал дека водата е главниот елемент во универзумот. Според него, Земјата, за која во минатото се верувало дека има облик на рамна плоча, пливала на водите од првобитниот океан. Ученикот на Талес, Анаксимандар, тврдел дека универзумот се основа на интеракцијата на спротивностите. Според него, Земјата имала облик на цилиндер кој лебдел во центарот на универзумот. Питагора верувал дека универзумот е раководен од математичките закони. Платон претпоставувал дека светот е создаден од две сфери, со Земјата во средината. Околу 200 година п.н.е., Аристарх од Самос ја предложил теоријата, според која Земјата кружела околу Сонцето, а не обратно, но биле потребни дури 2000 години за таа да се сфати сериозно.

Во 1054 година, кинеските астрономи забележале појави на нови ѕвезди во соѕвездието Бик. Според нивните прецизни карти, астрономите во меѓуѕвездените материи и маглини забележале остатоци од супернова. Бидејќи материјата се собира во грутки, маглините што се остатоци од супернови најчесто имаат неправилни облици. Најпознат претставник од овој тип на маглини е маглината рак (Crab Nebula – M1) во соѕвездието Бик.

Во 1543 година, полскиот астроном Никола Коперник ја издава својата книга „За Револуцијата на Небесните Сфери“. Неговиот труд ги истакнал вредностите на логиката, математиката и набљудувањата. Коперник напишал: „Сонцето е централно, а Земјата орбитира околу Сонцето како и останатите планети”. Оваа космологија ги отстранила луѓето од централното место, каде биле во средиштето на божјото внимание и ја поставило Земјата на небото. Но, коперниковиот хелиоцентричен систем, во кој Сонцето се смета за центар околу кој се движат планетите по кружници, во тоа време не бил поткрепен со набљудувања. Напротив, доказите од набљудувањата биле на страната на птоломеевиот геоцентричен систем.

Данскиот астроном Тихо Брахе, во 1572 година, набљудувал нова ѕвезда во соѕвездието Касиопеја која била толку сјајна, што било возможно цел месец да биде видлива во текот на целиот ден. Бидејќи ѕвездата не ја менувала својата положба согласно другите ѕвезди, Брахе заклучил дека се наоѓа зад планетната сфера. Денес ни е познато дека Брахе, исто како и Кинезите во 1054 година, набљудувал супернова. Тој забележал и голема комета која се појавила во 1577 година. Со помош на паралаксата докажал дека кометата се наоѓа надвор од атмосферата, односно далеку од Месечината. Тихо Брахе, најголемиот астроном во шеснаесеттиот век, увидел дека доколку Земјата се врти околу Сонцето, тогаш ѕвездите треба привидно да ја менуваат положбата видени под различни агли на земјината патека.

Италијанскиот математичар Галило Галилеј е првиот кој го негирал тврдењето на Аристотел, дека на небото и на Земјата владеат различни природни закони. Според Галилеј, универзумот морал да биде воден според законите познати за човекот. Галилео е првиот кој во 1609 година конструирал телескопот за набљудување на небото. Негови најзначајни откритија се: четирите сателити на Јупитер (подоцна наречени галилејски); мените на Венера, со што докажал дека Венера се врти околу Сонцето; забележал безброј ѕвезди во Млечниот Пат (доказ дека вселената е многу поголема од дотогаш веруваното); открил кратери и планини на Месечинта, но погрешно заклучил дека рамните предели се мориња. Галилео докажал дека сите тела, без воздушен отпор, паѓаат со еднаква брзина, без оглед на нивната тежина. Со објавувањето на книгата во која го поддржува хелиоцентричниот систем, бил ставен во домашен притвор по наредба на црквата.

Во исто време Јохан Кеплер, ученик на Брахе, но еден од ретките кои го подржуваа Галилеј, го открил клучот на градбата на хелиоцентричниот систем. Така, планетите не се движат по совршени кружници, туку по елипси, во чиј фокус се наоѓа Сонцето.

Англискиот физичар Исак Њутон успеал да ги сфати законите на физиката кои ги држат планетите во елиптични орбити. Според Њутон, нив ги предизвикувала универзалната сила на гравитацијата. Оваа засекогаш привлечна сила е пропорционална со масата на предметот кого го привлекува, а обратно-пропорционална со квадратот на растојанието. Њутон замислувал потполно детерминистички универзум, воден од законите на физиката, во кој сé е однапред одредено.

Кант и останатите, предлагале дека Млечениот пат е „универзумски остров” во облик на леќа и дека зад нашата галаксија постојат и други. Покрај ѕвезди и планети, астрономите набљудувале и матни објекти кои се нарекуваат небули, или маглини. Некои астрономи сметале дека маглините се далечни галаксии. Но, само пред 80 години, американскиот астроном Едвин Хабл потврдил дека само некои од маглините се далечни галаксии со големини на Млечниот пат. Сепак, најважно откритие на Хабл е фактот што галаксиите се оддалечуваат од нас со брзина пропорционална на оддалеченоста. Набрзо било потврдено дека неговото откритие има многу природно објаснување, со помош на Ајнштајновата „Општа теорија на релативност“.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.