Космички зраци

Пред околу стотина години, научниците приметиле една чудна појава. Забележале дека определено количество воздух во затворен сад покажува извесна електрична проводливост. Дури и ако го обвиткале садот со дебела заштитна обвивка, ништо не се менувало. Тоа значело дека во садот влегува некаков вид на зрачење, посилно од било кое до тогаш познато. Бројни експерименти биле направени за да се утврди од каде доаѓа тоа таинствено зрачење. Најпрво било докажано дека не доаѓа од копно, затоа што зрачењето се чувствувало и на море. Бидејќи и дење и ноќе било исто, не доаѓало ни од Сонцето. А во балон, на големи висини, се покажало дека го има насекаде во просторот, па било наречено космичко зрачење.

Koсмичките зраци всушност се субатомски честички со енергетски полнеж кои потекнуваат од вселената, во најголем дел надвор од Сончевиот систем. Тие може да произведат второстепени честички, кои можат да навлезат во земјината атмосфера и да допрат до земјината површина. Имено, космичките зраци патуваат низ просторот надвор од атмосферата, со брзина речиси еднаква на брзината на светлината. Дел од нив се приближуваат до Земјата и влегуваат во нејзината атмосфера. Овие атомски честици, наречени примарни космички зраци, се судираат со атомите во воздухот. Таквите судари создаваат нови честици, кои исто така патуваат со голема брзина и во истиот правец како и првобитните честици. На тој начин, Земјата е постојано бомбардирана од силен дожд од космички зраци.
Составени примарно од високоенергетски протони и атомски јадра, нивното потекло и настанување сеуште е мистерија за науката. Податоци од телескопот Fermi (2013) беа интерпретирани како доказ дека примарните космички зраци потекнуваат од суперновата на масивните ѕвезди. Како и да е, тоа не се смета за нивен единствен извор. Активните галактички јадра најверојатно исто така продуцираат космички зраци.

Изразот зрак се провлекол низ историјата, бидејќи порано се мислело дека космичките зраци претставуваат електромагнетни бранови. Околу 99 % од примарните космички зраци (оние кои навлегуваат во земјината атмосфера, а потекнуваат од далечните вселенски пространства) се составени од јадра (одвоени од електронските келии) на познати стабилни честички. Слободните електрони (како бета честички, иако нивниот извор е непознат) го дополнуваат останатиот 1% во составот на космичките зраци. Но, многу мал дел се и стабилни антиматеријални честички, како антипротони и позитрони, а нивната природа е сеуште предмет на активно истражувања.

Околу 90% од јадрата се обични протони, или водородни јадра, 9 % се хелиумови јадра, или алфа честички и 1% се јадра на некои потешки елементи. Разликата во енергии на честичките варира во зависност од нивниот извор. Овие честици можат да се создадат со нуклеарните процеси во Сонцето (како и во другите ѕвезди), но и во некои досега неистражени процеси што се случуваат во вселената.

Космичките зраци можат да имаат енергии многу повисоки од енергиите кои можат да ги произведат акцелераторите на честички сместени на Земјата. Тие составуваат голем дел од нејзиното природно позадинско зрачење. Бидејќи интензитетот на космичките зраци е многу поголем во погорните слоеви на Земјината атмосфера и во магнетното поле, се очекува да имаат значаен удел во дизајнирањето вселенски летала за меѓуѕвездени патувања. Kолку што е познато, т.н. бомбардирање од космички зраци не е штетно за Земјата. Најпосле, ова трае веќе билиони години и не влијаело на животот на нашата планета.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.