Комети

Ги препознавате ли следните имиња: Енки, Хонда – Маркос – Пајдусакова, Темпл, Неујмин, Татл – Ѓакобини – Кресак, Темпл – Свифт? Ова се имиња на најчесто забележаните комети.

Парчиња од карпи, метал, ледени грамади и облаци со прав, кружат низ Сончевиот систем. Научниците ги делат на комети, метеориди и астероиди.

Кометите се мали астрономски тела, слични на астероидите, но составени од мраз и карпи. Астрономите сметаат дека нинвниот дом е Ортовиот Oблак, кој го добил своето име по холандскиот астроном Јан Орт. Спорд теориите, овој облак се наоѓа далеку од орбитите на најоддалечените планети во Сончевиот систем.

Зборот комета, потекнува од латинскиот збор stella cometa, што значи „влакнеста ѕвезда“. Составен дел на кометата е нејзината опашка, составена од прав и гас. Гасовитата опашка, со наелектризирани честички, се занесува во соларниот ветер. Опашката од прав ја следи кривината од патеката на кометата. Гасот и ослободената прашина формираат долга и светла опашка која струи зад кометата.

Јадрото на кометата е грамада од камен и мраз која се наоѓа во нејзиното средиште. Штом кометата се приближи до Сонцето, започнува да се топи. Од страната која е свртена кон Сонцето, започнуваат да избиваат млазеви од гас и да се ослободуваат парчиња карпи, создавајќи ја опашката од прав. Кога кометата започнува да се оддалечува од Сонцето, опашката е секогаш свртена на спротивната страна.

Кометата со најдолгата опашка била Големата комета во 1843 година, чија должина изнесувала 330 милиони километри. Со неа Земјата би можела да се обвитка 7000 пати! Оваа комета повторно ќе се врати во внатрешниот Сончев систем во 2356 година.

Халеевата комета се враќа на секои 76 години. Англискиот астроном Едмунд Халеј, во 1705 година правилно го предвидел нејзиното враќање.

Најдолгиот познат период на една комета изнесува 24 милиони години. Таа комета, наречена Делаванова комета, последен пат била забележана во 1914 година. Најчестата комета е Енкeовата комета, која се враќа на секои 3 години. Најсјајната комета во XX век била кометата Дејлајт од 1910 година. Била сјајна колку планетата Венера.

Денес се познати релативен број на комети од кои поголем дел ги носат имињата на откривачите.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.