Колку ѕвезди може да се видат навечер?

Кога во ведра ноќ го набљудуваме небото посипано со ѕвезди, ни се чини како да ги има безброј. Па сепак, без телескоп видливи се само околу 6 000 ѕвезди.

Тоа не значи дека човек гледајќи во небото може да ги изброи сите шест илјади. Една четвртина од овој број се невидливи за нашето око, од проста причина што се наоѓаат премногу јужно. Од ѕвездите кои може да се набљудуваат од некое место на Земјата, во определен момент само половина од нив се видливи, бидејќи останатите се наоѓаат под хоризонтот. Дотолку повеќе што голем број ѕвезди близу хоризонтот не можат да се видат и поради небесната маглина.

Тогаш што ни преостанува? Доколку би започнале со броење на сите ѕвезди што ги гледаме, голема е веројатноста дека не би можеле да изброиме повеќе од илјада.

Ѕвезденото небо може да се фотографира со помош на камера прицврстена на телескоп. На фотографија од една одредена точка на небото може да се видат многу повеќе ѕвезди, отколку со голо око. А ако филмот дополнително се експонира, на така добиената фотографија ќе може да се видат уште повеќе ѕвезди. Најпосле, ако се користи извонредно јак телескоп, станува возможно да се фотографираат повеќе од една милијарда ѕвезди.

Кога еднаш ќе се открие некоја ѕвезда на небото, тогаш мора да и се даде име или број за распознавање. Во дамнешни времиња, луѓето од многу краеви на светот (Арапите, Грците, Римјаните и Кинезите) им давале имиња на најјасните ѕвезди, како и на останатите кои биле по нешто значајни. Така, повеќе од 100 ѕвезди го добиле своето име. Луѓето потоа дошле до идеја да се направи каталог на познатите ѕвезди. Првиот ваков каталог броел 1 026 ѕвезди, а датира од 137 година од нашата ера. Денешниот каталог содржи повеќе од 457 000 ѕвезди.

Видео: NOVALAPSE - Night Skies
Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.