Колку би тежеле на Месечината?

Пред да можеме да си го објасниме зборот „тежина“, треба да бидеме добро запознаени со гравитацијата и масата. Гравитација е природна привлечна сила која ги привлекува предметите еден за друг.

Гравитацијата на планетата Земја е постојаната сила која не влече надолу кон Земјата и ни ја спречува можноста да полетаме кон вселената како балони. Кога ќе се качите на вага, таа ја покажува вашата тежина како бројка. Тој број е мерката на гравитациското привлекување кое ни го прави Земјата.

Масата ја претставува количината на материја од која сме создадени. Исто како и тежината, нашата маса е постојано еднаква, без разлика дали се наоѓаме на Земјата или на Марс, на Месечината, во нашата дневна соба или на било кое друго место.

Оној кој тежи 80 килограми има поголема маса од некој што тежи 40 килограми. Колку поголема маса има човекот, толку е поголемо неговото гравитациско повелкување. Од овие причини, вагите покажуваат поголеми бројки за поголеми луѓе.

Малите човечки тела имаа помало гравитациско повлекување на Земјата. Поголемите планети, како Јупитер и Сатурн, имаат посилни гравитациски повлекувања, што значи дека нашата тежина на овие планети би била поголема.

Месечината, нашиот природен сателит, е помала од планетата Земја. Таа всушност поседува само 1/6 од гравитацијата која ја има Земјата. Ова значи дека нашата тежина би била шест пати помала на Месечината!

Аполо 11 е првото американско вселенско летало, лансирано на Месечината, на 16-ти јули, 1969 година. Екипата на ова летало била составена од астронаути Нил Армстронг, Едвин Олдрин и Мајкл Колинс. На 20-ти јули, Нил Армстронг ги направил првите чекори на Месечината.

Кога астронаутите слетале, носеле специјални одела и многу тешка опрема. Но, како што напоменавме, гравитацијата на Месечината е за 1/6 помала од онаа на Земјата и ти мошне лесно можеле да се движат по нејзината лунарна површина.

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.