Колкава е вселената?

Човековиот ум не би можел да си ја претстави правата, вистинската слика за вселената. Не само што не знаеме со сигурност колкав е космосот, се чини невозможно и да ја замислиме неговата големина.

Ако започнеме од нашата планета и малку се оддалечиме, веднаш ќе наслутиме зошто е тоа така. Земјата е дел од Сончевиот систем, но само сосема мал негов дел. Имено, Сончевиот систем се состои од Сонцето, планетите кои кружат околу него, планетоидите (мали планети) и метеори. Сончевиот систем од друга страна, е само делче од еден друг, многу поголем систем, наречен галаксија. Галаксијата ја сочинуваат милиони ѕвезди, од кои повеќето се далеку поголеми од Сонцето и можеби имаат свои системи слични на Сончевиот.

Така, ѕвездите кои ги гледаме во нашата галаксија, која се нарекува Млечен Пат или Кумова Слама, се и самите сонца. Тие се толку оддалечени од нас, што растојанието не се мери во километри, туку во светлосни години. Светлината патува со брзина од 300 000 km во секунда и поминува околу 9 600 000 000 000 (близу 10 билиони) километри за една година. Сјајната ѕвезда која е најблиску до Земјата е наречена Алфа Кентаур. Знаете ли колку е таа оддалечена од нас? Четириесет билиони километри! Се смета дека нашата галаксија е широка околу 100 000 светлосни години. Но ние овде зборуваме само за нашата галаксија.

Покрај Млечниот пат, веројатно постојат уште милиони други галаксии. Најблиската галаксија е оддалечена од нашата околу 2 милиони светлосни години. А можеби сите тие галаксии заедно сочинуваат само дел од некој уште поголем систем. Сега веројатно станува појасно, зашто не можеме да си ја претставиме големината на универзумот.

http://vimeo.com/67084613

Проф. Изар

Изар е првиот професор во училиштето од почетокот на неговото постоење. Тој има смирен галс и добродушна појава. Но, неговите длабоки милостни очи откриваат и една тајна – ја откриваат неговата волшебна моќ.