Кокино

Во 2001 година, во Република Македонија, под планинскиот врв Татиќев Камен, во општината Старо Нагорничане, беше откриен археолошки локалитет од бронзено доба, стар 4000 години. Пронајдените артефакти во археолошките кампањи, како и спроведената археоастрономска анализа во годините кои следеа, покажаа дека локалитетот ги има сите карактеристики на митска, света планина, но и на древна опсерваторија. Денес, овој локалитет е познат под името Мегалитска опсерваторија Кокино, или едноставно Кокино.

Мегалитската опсерваторија се наоѓа во североисточниот дел на Македонија, во близина на границата со Србија, на оддалеченост од околу 75 км од Скопје, односно 35 км од Куманово. Локалитетот се наоѓа во атарот на селото Кокино, по што го добива и своето име, на граница со селото Арбанашко. Целиот регион денес е ретко населен, така што во десетина околни села живеат помалку од 1000 жители. До опсерваторијата води асфалтен пат, но последните 500 метри може да се поминат исклучиво пешачејќи. Поставена е на надморска висина од 1030 метри.

koiknche

Опсерваторијата е откриена случајно, во 2001 година, од македонски и бугарски археолози, а во 2002 година своите истражувања почна да ги спроведува и „Народниот музеј“ во Куманово. Кокино датира од 1800 година п.н.е., односно раното бронзено доба, а се протега на површина од 5000 квадратни метри. Мегалитската опсерваторија е сместена на неовулкански рид. Се претпоставува дека карпите се создале со стврднување на лавата која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи во карпите, па дел од тие процепи луѓето ги користеле како маркери, низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.

Седумте камени маркери, во минатото ги означувале местата за изгревање на Сонцето и Месечината, во периодите на краткодневица, рамнодневица и долгодневица, како и нивните отклони. Сонцето всушност, само на рамнодневиците (на 21 март и 21 септември) изгрева точно на исток и заоѓа точно на запад. Потоа, постепено се јавува отклонување кое може да биде до 45 степени. Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните стени во Кокино, укажуваат дека изгревањата на Сонцето на исто место, се повторуваат на секои 18,6 години. Веројатно некои членови на племенските заедници имале задача секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи во земјоделието и сточарството. Опсерваторијата е сместена на две скалести платформи од кои се набљудувале планетите. На горната платформа се пронајдени траги од неколку објекти и керамички остатоци од предмети.
Ana Mone | Проект: Make a wisH

Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино всушност немало живеалишта. Се претпоставува дека опсерваторијата воедно била и светилиште, каде во процепите на карпите луѓето ставале предмети наменети за своите божества. Светата мистична планина била место каде се изведувале повеќе култови. Постојат докази кои говорат дека со сигурност бил изведуван култот на Големата Мајка Божица, како и култот на светиот брак меѓу Мајката Земја и Сонцето, култ кој во периодот пред 4000 години бил широко распространет по Медитеранот.

Во близина на централната позиција постои еден вид на камен престол, трон, каде најверојатно седеле старешините и племенските водачи. Ваквите престоли биле издлабени во карпите, поставени во правец север-југ, така што на точно определени датуми, првите утрински сончеви зраци го осветлувале исклучиво таквиот престол. Се верува дека старите народи ова го интерпретирале како непосредна врска на племенскиот старешина со боговите. При откривањето на локалитетот пронајдени се бројни артефакти (керамички чинии, амфороидни садови, камени секири итн.).

Мегалитната опсерваторија Кокино се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Во 2005 година, американската вселенска агенција НАСА, на листата од 15 вакви опсерватории во светски рамки, го рангираше Кокино на четвртото место, веднаш по Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија и Ангкор Ват во Камбоџа.

Видео: Ancient Aliens - Kokino (Taticev Kamen) Macedonia

 

Мегалитска опсерваторија Кокино
Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.